(ВИДЕО) Талевски: Пресудата за „Трезор“ е доказ зошто беше важен Законот за ЈО и зошто ВМРО-ДПМНЕ беа против негово носење

Од:

„Вчерашната пресуда против обвинетите во предметот „Трезор“ меѓу кои е и поранешниот шеф на Управата за безбедност и контразузнавање Сашо Мијалков, е уште една во низата потврди дека времето кога некои поединци беа над законите и дефинитивно е завршено.

Се случува правда, законите важат за сите подеднакво, судството работи ослободено од стегите на политиката и партиите.

Заврши времето на селективност и неказнивост, сега е време на правда и на одговорност“, вели Миле Талевски, пратеник на СДСМ.

„Пресудите, донесени низ докази, преку отворени, транспарентни законски постапки покажуваат дека државата има силен, независен и ефикасен правосуден систем кој испорачува правда согласно законите.

Овие пресуди покажуваат зошто беше важно носењето на Законот за Јавно обвинителство но и зошто ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски правеа се за тој закон да не се донесе.

Токму со овој Закон продолжија предметите „Тврдина-Таргет“ „Трезор“ отворени од Специјалното јавно обвинителство и по кои веќе има пресуди, но и предметите „Империја“ „Талир“ „Плацовите на Водно“ предмети кои Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на секој начин се обидуваа да ги уништат.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не успеаја да ја попречат правдата, не успеаја нивните обиди да ги заштитат криминалците во своите редови.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се единствените на браникот на криминалот, но мора што поскоро да сфатат дека времето на контролирано судство заврши, дека веќе нема нарачани и монтирани случаи како во времето на нивниот 11годишен режим.

Повеќе нема недопирливи, нема поединци над законите.

Денес секој кој сторил какво било кривично дело одговара пред судовите, колку и тоа да е несфатливо за ВМРО-ДПМНЕ партијата заглавена во режимската матрица и на браникот на криминалот.

Очекуваме сите други случаи и предмети отворени од Специјалното јавно обвинителство и од другите обвинителства кои се водат во судовите, да добијат епилог а лицата за кои ќе се докаже дека сториле криминал да бидат соодветни казнети“, изјави Миле Талевски, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ за мигрантите

ВИДЕО: СДСМ бара Антикорупциска да го испита потеклото на парите на Томовски и донациите во ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Кузеска: Контра Резолуцијата е признание на ДПМНЕ-ЗНАМ дека постои договор мигранти за пари

СДСМ утре ќе го бира новото раководство

СДСМ: ЗНАМ го прослави предавството на Македонија за пари

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија!

Горан Наумовски