(ВИДЕО) Талевски: МВР на дело покажува што значи бескомпромисна, неселективна борба против корупција

Од:

„Последните акции што ги презеде Министерството за внатрешни работи за разбивање на организирана група која незаконски издавала патни исправи, како и заплената на огромна количина на дрога се доказ за бескомпромисната борба против организираниот криминал и корупцијата.

Овие две значајни акции каде се уапсени и вработени во МВР се потврда за професионалниот, ефикасен и неселективен пристап на полицијата во спречувањето незаконско дејствување.

Наместо како целата јавност да го поздрави постапувањето на полицијата, од ВМРО-ДПМНЕ повторно видовме обиди за одбрана на криминалот и криминалците“, рече Миле Талевски, пратеник на СДСМ.

„Додека траеше сложена полициска операција „Двојник“ ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се обидоа да ја саботираат акцијата преку пласирање на информации во јавноста додека таа се уште траеше.

Откако не им успеа обидот за саботажа, од белиот дворец продолжија да шират лажни вести и дезинформации за акцијата со што свесно и неодговорно ја загрозуваат натамошната истрага.

ВМРО-ДПМННЕ и Мицкоски идентично се однесуваа и за акцијата во соработка со нашиот партнер САД и нивната ДЕА, каде беше запленета голем количина марихуана.

Повторно лажни вести, повторно конструкции и повторно неосновани напади кон МВР и полицијата.

Очигледно е дека за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо тоа што законите денес важат за сите подеднакво, тоа што денес никој не е над правдата и секој одговара за сторените криминали.

Тоа, не беше случај во времето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ. Јавноста памети како во 2014 година, ВМРО-ДПМНЕ и тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска ја заташкаа аферата во која пасоши се печатеа во приватни домови.

Јавноста многу добро памети и како синот на Трајко Вељановски беше ослободен откако беше фатен со дрога на границата со Грција.

Денес, вакви скандали се незамисливи, напротив, денес се постапува против секое прекршување на законите, без разлика кој се е вмешан.

Денес, институциите се посветени на силна, неселективна и бескомпромисна борба против секаков вид криминал и корупција. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да се обидуваат колку сакаат но нема да ги одбранат криминалците и криминалот. Денес, секој одговара за своите дела“, изјави Миле Талевски, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: За две години засадивме 2.000 високо стеблести садници зеленило

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче повторно виткаат кичма пред Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Јавното здравство е во колапс, приватните болници му диктираат на министерот

(ВИДЕО) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува да раководи со Аеродром, општина која треба да биде средена, урбана и пристојна

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шукова од Кисела Вода: Топ 20 проекти за Скопје да стане град за достоинствен и здрав живот

(ВИДЕО) Трајковски: Промени во Кисела Вода, Орце беше администратор на лаги – ништо не направи