(ВИДЕО) Талески: ВМРО-ДПМНЕ ја поткопува работата на институциите за дојавите со бомби, која е нивната улога

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ ја попречува работата на институциите во спроведување на мерките за справување со дојавите за поставени бомби во училиштата. Јавните настапи на претставници од ВМРО-ДПМНЕ, како на пример Весна Јаневска која повикува на непочитување на новите протоколи е директно поткопување на дејствувањето на надлежните институции во борбата против хибридните напади“, рече Миле Талески, пратеник на СДСМ.

„Безбедносна на учениците и обезбедување непречен образовен процес се најважни и новите протоколи за постапувањето, изработени од експерти, се во оваа насока.

Благодарение на таквиот пристап веќе четири дена наставата се одвива без прекин, а безбедноста на учениците и наставниците е загарантирана.

Обезбедено е и соодветно присуство на полицијата во училиштата.

Она што загрижува и што отвора сериозни сомнежи е деструктивното однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ директно поврзани со поткопување на работата на институциите.

Како пратеник и претседател на комисијата за одбрана и безбедност имам обврска пред граѓаните но и пред Собранието да реагирам јавно.

Министерството за внатрешни работи има сознанија за тоа од каде доаѓаат дојавите, а покрај од трети земји, дел од нив се и од македонска територија.

Однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ отвора сериозен сомнеж за нивната улога. Дали ВМРО-ДПМНЕ на некаков начин е поврзаната со внатрешните соработници?

Дали ова се причините за вакво деструктивно постапување на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која е во целосно заложништво на Левица.

Со своето крајно неодговорно однесување ВМРО-ДПМНЕ застанува зад хибридните напади чија цел е создавање немир, тензии, недоверба и чувство на страв кај граѓаните.

Ова не е и не смее да биде тема за дневна политика, се работи за безбедноста на училиштата и наставниот процес.

ВМРО-ДПМНЕ треба да престанат да ја опструираат и поткопуваат работата на институциите кои работат на обезбедување целосна безбедност на децата, на неутрализација на проблемот и овозможување непречена настава“, изјави Миле Талески, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски