(ВИДЕО) Талески: Тошковски да го повлече скандалозниот Закон за полиција, нема место за партиска милиција по теркот на Груевски

Од:

СДСМ бара итно повлекување на сакндалозниот Закон за полиција прелдожен од Панче Тошковски и запирање на партиската окупација на МВР. Предлог Законот е опасен, антиевропски и длабоко корумпиран обид за формирање на партиска милиција под команда на Тошковски. По стапките на Никола Груевски, министерот Панче Тошковски го претвора МВР во параполициски апарат за заштита на криминал и партиски интереси на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Миле Талески – пратеник на СДСМ.

– Тоа дополнително ќе ја влоши безбедносната на граѓаните којашто со Тошковски е веќе загрозена. Тошковски ги урива критериумите за образование и искуство за највисоките оперативни позиции во полицијата. Целосно го елиминира кариерниот систем, напредувањето на професионалните луѓе со искуство, со знаење. Началник на СВР по рецептот на Тошковски може да стане секој што тој ќе го одбере. Без искуство, без знаење, но со партиска книшка.

Тошковски ги укинува и регионалните гранични центри. Во време на сериозни геополитички предизвици и безбедносни ризици, ова е директен удар врз граничната контрола и отвора простор за сомнителни шеми, вклучително и мигранти. Тошковски сака да овозможи бришење на полициски податоци. Без траги, без евиденција, без одговорност. Ова е опасен механизам за прикривање на криминал и заштита на структури блиски до власта.

Ја подига старосната граница на 30 години за прием во полицијата што е е директна дискриминација на младите и отворање простор за вработување на партиски кадри. Најскандалозно е бришењето на одредбата што спречува вработување на осудени лица. Со тоа, полицијата станува прибежиште за лица со криминално минато, наместо институција што гарантира безбедност и владеење на правото. Ова е нова верзија на Груевизмот, партиска милиција за заштита на криминалот на Власта. Панче Тошковски да решава кој ќе биде уапсен кој не, кој ќе се спаси од одговорност и ќе биде заштитен. Полицијата мора да биде сервис на граѓаните, не оружје во рацете на партиската мафија и затоа овој скандалозен Закон мора да биде повлечен.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ треба добро да размислат. Доколку пројде овој Закон исто како за времето на Груевски ќе бидат уценувани, ќе бидат таргет и тие ќе бидат жртви на Тошковски. Македонија не смее да си дозволи нова верзија на груевизмот со Тошковски во улога на негов партиски клон, рече Талески.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Дали Љупчо Коцевски молчи, затоа што тој бил задолжен од ЈО за следење на издавањето на ПИ мерките?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ?

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ крадеше, правеше предавства и ги уништуваше институциите

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Орце собира тим од луѓе осудени за корупција и примање поткуп

А1он

СДСМ: Христовски го демантираше Мицкоски дека бил прислушуван, АНБ да ги декласифицира документите

Катерина Ѓуровски