(ВИДЕО) Талески: С. Македонија е меѓу 36 најбезбедни земји во светот

Од:

„Политиките на СДСМ даваат резултати во секој сегмент, што се потврдува и со извешати на реномирани меѓународни организации. Благодарение на заложбите на СДСМ Република Северна Македонија денес е меѓу најбезбедните држави во светот. На најновата ранг листа на Глобалниот индекс за мир, што секоја година ја изготвува Институтот за економија и мир се наоѓаме на 36-то место, што е 4 места повисоко од лани“, рече Миле Талески, пратеник на СДСМ.

„Во 2017 година, кога СДСМ ја презеде власта, Македонија се наоѓаше на листата на Глобалниот индекс на мир, на 97-то место, а сега е држава со „високо ниво на безбедност“.

Ова се должи на политиите на СДСМ и реформите спроведени во Министерството за внатрешни работи за професионализација, департизација и декриминализација, што го врати чувството на безбедност и сигурност кај граѓаните и довербата во институциите.

Напредокот и ефикасноста на полицијата е потврдена и во годинешниот Извештај за напредок на Европската комисија, особено во имплементацијата на Заедничкиот акциски план за борба против тероризмот, во борбата против трговијата со дрога, во донесувањето стратешки документи од областа на граничното управување и миграцијата, во унапредувањето на капацитетот за финансиски истраги, како и во меѓународната полициска соработка.

Од држава која во 2017 година беше на раб на граѓанска војна и реализација на црни сценарија, денес сме држава членка на НАТО, која ги започна преговорите за членство во Европската унија, промотор на мирот и стабилноста во регионот, држава во која полицијата е во служба на народот. Со СДСМ државата е безбедна, поставена на европскиот пат што носи сигурна иднина“, изјави Миле Талески, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски