(ВИДЕО) Талески: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се спротивстават на обидите на Груевски за рехабилитација на Ванчо Михајлов

Од:

„Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и осуден криминалец во бегство, Никола Груевски го потврди континуитетот со Ванчо Михајлов. Исто како и Христијан Мицкоски кој јавно кажа дека нема да се огради од Ванчо Михајлов затоа што е дел од контитнуитетот на оваа партија. Тоа е истата матрица на ВМРО-ДПМНЕ која се пресликува и овде, во закондавниот дом“, рече Миле Талески, пратеник на СДСМ.

„Додека во ова Собрание, проевропските пратеници се лажно напаѓани за бугаризација и асимилација, зад грбот на граѓаните стои длабока врска меѓу ВМРО-ДПМНЕ и нивната сестринска партија ВМРО-БНД. Се отворија контраверзни бугарски клубови за да се подгреат чувствата на граѓаните, да се создаде тензија и да се нарушат односите меѓу двете земји.

Ете бугаризацијата во оваа држава кој ја прави, ВМРО – ДПМНЕ и ВМРО – БНД со заеднички именител нивниот претседател Ванчо Михајлов. Токму ВМРО-ДПМНЕ во чест на Ванчо Михајлов изгради спомен куќа во Штип и постави восочна фигура во природна големина во музејот во Скопје. ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-БНД се лонче и капаче.

Затоа, ВМРО-ДПМНЕ е против уставните измени, затоа е против европскиот пат на земјата, затоа не гласаа за македонски јазик во ЕУ.

Скандалозни се обидите на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да го рехабилитира соработникот на фашизмот и крвникот на македонскиот народ, Ванчо Михајлов.

Од овде од македонското Собрание, кое донесе закони и декларации за заштита на македонското достоинство, на македонскиот јазик, на посебноста, како и Закони за здруженија и кое има обврска да ги штити сите наши граѓани ги повикувам пратениците на ВМРО-ДПМНЕ:

1. Да се спротивстават на обидите за рехабилитација на Ванчо Михајлов и
2. Јавно да се оградат и да ги осудат

Очекуваме реакција од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, не смее да биде партија којашто е иделошки поклоник на луѓето кои што биле извршители на Третиот Рајх“, изјави Миле Талески, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет