(ВИДЕО) Талески: Полицијата денес е заштитник и партнер на граѓаните и ефикасно и неселективно се бори против криминалот

Од:

„Во изминатите неколку години полицијата се професионализираше и стана вистински заштитник на граѓаните, чувар на мирот и безбедноста.

Во изминатиот период сведоци сме на професионално, ефикасно и неселективно постапување на полицијата во борбата против криминалот и корупцијата.

Таквиот однос на полицијата се должи на политиките на СДСМ и секако на одговорното, посветено управување од страна на Министерството за внатрешни работи и министерот Оливер Спасовски“, кажа Миле Талески, пратеник на СДСМ.

„Постојано се вложува во човечкиот капитал во полицијата, преку зголемување на платите, но и исплата на бонуси за остварени прекувремени часови работа.

Реконструирани се 55 објекти на МВР низ целата држава. Изградени се и два капитални објекти – ИКТ центарот во Прилеп, зграда за крим техника, а наскоро ќе се изгради новиот Центар за странци.

Постојано се вложува во набавка на возила, опрема и униформи за припадниците на полицијата. Сето тоа придонесува за унапредување на условите за работа на вработените во МВР.

Затоа, денес имаме мотивирана полиција која ефикасно и неселективно постапува по секое прекршување на законите.

Официјални податоци го потврдуваат успехот што полицијата го постигнува во овие години.

Споредбено со 2020 имаме сериозно зголемување на запленета дрога и наркотици.

Во првите три месеци во 2020 година била запленета дрога од 14,8 килограми, додека од први јануари до 15 април во оваа 2021 година, заплената на дрога изнесува над 800 килограми.

Преку редовни сообраќајни контроли и неселективниот пристап во санкционирањето, значително е намален бројот на сообраќајните незгоди, сообраќајни незгоди со повредени лица, незгоди со материјална штета и сообраќајни незгоди со загинати лица.

Македонската полиција денес, заедно со безбедносните служби на стратешките партнери спроведува сложени полициски акции за спречување на организиран криминал и корупција.

Полицијата денес со своето неселективно, независно и професионално работење е вистински сервис на граѓаните, посветена на обезбедување на законите, мирот и безбедноста“, изјави Миле Талески, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски