(ВИДЕО) Талески: Милошоски да закаже седница на Комисијата, да не ја кочи ратификацијата на договорите за Отврен Балкан

Од:

„Она коешто ние вчера ги повикавме ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски да ја прекине праксата којашто ја наметна во Собранието преку Комисијата за надворешни работи којашто ја раководи тој, а тоа е да кочи, да блокира, да го блокира целиот процес којшто се однесува во делот на надворешната политика на нашата држава“, одговори на новинарско прашање Миле Талески, пратеник на СДСМ.

„Вчера ние имавме прес-конференција да се откочат сите оние ратификации којшто се во делот за подобрување, односно олеснување на условите за размена на работници помеѓу државите вклучени во поектот Отворен Балкан.

Досега немаме никаков одговор од страна на Антонио Милошоски, уште еднаш ја користам оваа прилика да го повикам веднаш да закаже Комисија за надворешна политика во Собранието, да се откочат овие работи, се со една цел во интерес на граѓаните затоа што насушно им е потребно да се реализира она коешто е договорено во проектот Отворен Балкан“, додаде Талески.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски