(ВИДЕО) Талески: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против јавното здравје и институциите кои се борат со коронавирусот

Од:

„Губитникот Христијан Мицкоски продолжува да работи на штета на јавното здравје и граѓаните.

Додека сите институции во нашата земја водат беспоштедна борба против коронавирусот, заедно со докторите и медицинскиот персонал Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да го поткопаат здравствениот систем.

Свесни дека Министерството за здравство добро ја менаџира кризата, наместо да помогнат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прават се за да одмагаат. За нив воопшто не е важно здравјето на граѓаните“, рече Миле Талески, пратеник на СДСМ.

„Од почетокот на кризата па до денес, Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ се на погрешната страната, против јавното здравје, против институциите кои се борат со вирусот, против докторите и медицинските сестри.

Кадарот на Мицкоски во техничката Влада го кочеше заемот од Светска Банка со чии средства требаше да се опремат ковид болници. Да не беа таквите блокади, сега во државата веќе ќе имаше опремени нови 16 ковид болници, уште поподготвени за есенскиот бран на коронавирусот.

Додека сите се посветени во борбата против пандемијата, ВМРО-ДПМНЕ преку нивниот Вело Марковски секојдневно шират лажни вести и ставови кои внесуваат заблуда меѓу граѓаните, на директна штета на борбата со вирусот.

Марковски од ВМРО-ДПМНЕ велеше дека вирусот ќе исчезне за еден месец, дека вирусот нема да се појави наесен, јавно изјавуваше дека не треба да се носат заштитни маски, па дури да каже и дека коронавирусот и не е опасен.

До пред неколку денови, ВМРО_ДПМНЕ во Собранието го кочеше и Законот за заштита на населението од заразни болести, условувајќи го со формирање на некаква паралелна Комисија за заразни болести.

Граѓаните се сведоци на една опасна партиска неодговорност и несериозност од страна на очајниот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е Мицкоски, неодговорен, незрел и нечесен политичар, опасен по здравјето на сите нас.

Мицкоски треба да престане да им штети на граѓаните. Не треба да го загрозува здравјето на своите граѓани, само за да ја сочува партиската фотелја во белиот дворец.

Затоа Мицкоски е во опозиција. Граѓаните ги казнија овие негови штетни делувања. Затоа Мицкоски уште долго ќе остане во опозиција“, изјави Миле Талески, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда