(ВИДЕО) Талески: Извештајот на ЕК го препознава напредокот на државата, во време на ВМРО-ДПМНЕ имавме најнегативни извештаи

Од:

„Нашата држава доби позитивен Годишен извештај од Европската Комисија за 2022 година. Извештајот го препознава напредокот и одржливоста на реформскиот процес и го поздравува почетокот на преговорите со ЕУ со одржувањето на првата Меѓувладина конференција“, рече Миле Талески, пратеник на СДСМ.

„Споредено со другите држави од Западен Балкан, Република Северна Македонија сè уште стои најдобро во регионот во Кластерот Фундаментални вредности, а оценката за вкупната подготвеност гласи „добро ниво на подготвеност“.

Позитивниот извештај на ЕК е признание за напорите на Владата и парламентарното мнозинството предводени од СДСМ за реализација на реформите важни за евроинтегративниот процес.

И додека сите честитаат на позитивниот извештај, единствено ВМРО-ДПМНЕ како докажана антиевропска партија шири лаги и ја извртува содржина на Извештајот.

Критиката на ВМРО-ДПМНЕ е целосно спротивна на оценката на ЕК дека државата има издржан реформски напредок кон ЕУ.

Вистината е дека во Извештајот најмногу критика има за опозицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нивните блокади во Собранието каде имаме јасна критика за доцнење при носењето на законите, за што причина се блокадите од страна на опозицијата.

ВМРО-ДПМНЕ нема никакво право да дава оценка за Извештајот, затоа што нашата држава најлошите извештаи од Европската комисија ги имаше токму за време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Па така, во Извештајот од 2016 година, последната година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ стои дека имаме заробени институции, судски органи, регулаторни тела и медиуми, каде меѓуетничките односи се оценувале како кршливи, биле нотирани притисоци врз јавната администрација…

Огромна е разликата помеѓу државничкото, проевропско работење на СДСМ и неодговорното, антидржавно постапување на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот партнер Левица. Ние проодлжуваме со реформите се до полноправнио членство во Унијата.

Благодарение на одговорниот државнички пристап на СДСМ, Република Северна Македонија по 17 години чекање, конечно заслужено ги започна преговорите за членство во ЕУ.

По остварување на првата стратешка цел – членство во НАТО, ќе ја реализираме и втората стратешка цел – полноправно членство во ЕУ“, изјави Миле Талески, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски

СДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема

Горан Наумовски

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина