(ВИДЕО) Талески: Исплатена бонус плата за прекувремени часови за 2020 година за над 4.400 вработени во МВР

Од:

„СДСМ останува силно посветена за унапредување на социјалниот статус и условите за работа на полициските службеници.

На 4.471 вработен во Министерството за внатрешни работи, кои оствариле над 150 часови прекувремена работа во текот на 2020 година, исплатена им е бонус платата во поединечен нето износ од 27.182 денари“, рече Миле Талески, пратеник на СДСМ.

„За оваа намена од буџетот на МВР издвоени се над два милиони евра. Раководството на Министерството редовно ги исплаќа бонус платите за прекувремена работа, заврши времето кога овие надоместоци се исплаќаа ненавремено, со доцнење.

Денес полицајците се почитувани, нивниот труд е вреднуван и тие се помотивирани во вршењето на своите работни задачи.

Денес, полицијата е вистински партнер и заштитник на граѓаните.

Како одговорна партија продолжуваме да инвестираме во подобри услови за работа на полицијата, затоа што само задоволна, мотивирана полиција може да биде ефикасен сервис на граѓаните и чувар на законите“, изјави Миле Талески, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците