(ВИДЕО) Таксистите до Шилегов: Тргнете ги дивите таксисти доста ни го јадат лебот

Од:

Нелиценцирани возила без таксиметри, преполни такси станици од нелегални таксисти, непријавени такси возачи, лебот на таксистите им го земаат пензионирани полицајци, пожарникари и воени лица, ова се само дел од проблемите со кои се соочуваат таксистите, информираше Сашо Рајчановски претседател на групацијата за авто такси превоз. На прес-конференцијата од такси станицата кај „Ловец“, тој повика надлежните инститруции да излезат на терен и да го решат хаосот кој владее во такси превозот.

„Во моментот низ улиците на Скопје возат 5000 возила, а издадени се 2400 лиценци. Бројот на вработени е три пат помал од реланата бројка на таксисти кои нелегално работат. Меѓу нив има пензионери кои возат такси, а најголем проблем се пензионираните полицајците, кои не се казнуваат, бидејќи колега на колега не пишува казна. На станиците кај Бит пазар, Клинички центар и Транспортен центар, услугите се наплаќаат трипати повеќе и го уништуваат угледот на такси превозот. Има закони, има Одлука на Град Скопје, има правилник со кој е регулиран такси превозот, но тоа во пракса не фунбкционира. Затоа ги повикуваме надлежните институции и инспекциим, да излезат на терен, бидејќи знаеме ако се има волја, за 10 дена може да се реши хаосот со такси превозот“, изјави Рајчановски.

Рајчановски рече дека неодамна таксистите имале средба со градоначалникот Петре Шилегов и тој им ветил решение со воведување на комунална полиција. Според него со ова не се решава, туку одлага проблемот.

„Вети дека ќе се формирала некаква комунална полиција. Но, ние не знаеме кога тоа ќе биде, може ќе поминат три, шест месеци. Ние бараме сега и веднаш да се излезе на терен, затоа што закони има само треба да се споведат“, рече тој.

Пред две недели претставници на таксистите беа на средба и со премиерот Заев и таму ги изнесоа проблемите со кои се соочуваат. Но, како што кажа Рајчановски не се потребни средби и ветувања, потребно е делување.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

32-годишен скопјанец пронајден мртов во семејниот дом

Во Скопје попладнево пороен дожд, ветер и грмотевици

Мртва жена е пронајдена во нејзиниот дом во Скопје

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија

Паднати дрвја, поплави и сообраќајни пречки на неколку локации во Скопје

Горан Наумовски

Скопје го зафати невреме проследено со пороен дожд, силен ветер и интензивна појава на град

Горан Наумовски