(ВИДЕО) Свлечиште во Скопје, оштетени подземни инсталации и коловоз

Од:

Свлечиште на земјата настанало денеска во општина Центар при вршење на ископ на дупка за изградба на зграда со работна машина багер, при што бил затрупан багерот, но лицето кое го управувало навреме излегло, информираат од Министерството за внатрешни работи.

-Денеска (25.05.2026) околу 13:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. “Христо Смирненски” при вршење на ископ на дупка за изградба на зграда со работна машина багер, ангажиран од фирма-инвеститор, настанало свлечиште на земјата, при што бил затрупан багерот, но лицето кое го управувало навреме излегло, нагласуваат од МВР.

Од свлечиштето оштетени се делови од тротоарот и улицата, а паднала и бандера која оштетила возило „дачија сандеро”, сопственост на Е.М..

Од МВР нагласуваат дека за инцидентот се известени Центарот за управување со кризи, ЕВН и други институции, а на местото на настанот се упатени полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

За свлечиштето претходно на Фејсбук објави групата „Во одбрана на Буњаковец“.

-Свлечиште на спојката на улица „Христо Смирненски“ и булеварот „Теодосиј Гологанов“ поранешен „Иво Лола Рибар“. Колапс на земјиштето под асфалтот до новото градилиште што работеше и на државен празник. Оштетена е целата инфраструктура – кабли за струја, телекомуникации… Дали се загрозени и коловозите и тротоарите на булеварот и улицата – проценете сами, се наведува во објавата, во која е прикачено и видео од инцидентот.

Би можело да ве интересира

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Огромно свлечиште зафати град во Сицилија: Луѓето итно се евакуирани

Горан Наумовски

ВИДЕО: Свлечиште оштети дел од потпорниот ѕид на штипската Клиничка болница

Катерина Ѓуровски

Четири куќи во Шипковица се загрозени од свлечиште, жителите се советувани да ги напуштат домовите

Одржан состанок за спречување на појава за слечиште на Водно, од Владата побарано да се интервенира на приватен имот