Четири куќи во Шипковица се загрозени од свлечиште, жителите се советувани да ги напуштат домовите

Од:

Поради обилните врнежи на дожд кои го зафатија западниот регион, преку единствениот број за итни повици 112 е добиена пријава за настанато свлечиште во селото Шипковица. Свлечиштето е во населено место кое претставува опасност за жителите, каде што директно се загрозени четири куќи, извести ЦУК.

„Активиран е Кризниот штаб на Општина Тетово, а на терен се излезени лица од ЦУК, СВР Тетово и Градежен инспекторат од Општина Тетово. Во моментот се превземаат мерки и се дадени насоки на месното население да го напуштат живеалиштето поради опасност од појавување на нови свечишта. На територијата на Општина Штип евидентирани се одрони на камења на патниот правец Делчево – Истибања каде што екипи на ЈП Македонија пат редовно интервенираат и нема застои во сообраќајот. Одроните на патот кон с.Моштица во Општина Македонска Каменица, од страна на екипи на ЈП Камена река е извршено чистење на одронот и сообраќајот на тој патен правец се одвива редовно“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Инспекциските служби на Општината и МВР излегле на терен во градилиштето во Центар – локацијата обезбедена, инвеститорот казнет

(ВИДЕО) Свлечиште во Скопје, оштетени подземни инсталации и коловоз, багеристот успеа навреме да излезе

Горан Наумовски

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Огромно свлечиште зафати град во Сицилија: Луѓето итно се евакуирани

Горан Наумовски

ВИДЕО: Свлечиште оштети дел од потпорниот ѕид на штипската Клиничка болница

Катерина Ѓуровски