ВИДЕО: Сузбиена организирана 14-члена криминална група инволвирана во криумчарење мигранти

Од:

Во координирана полициска операција сузбиена е организирана 14-члена криминална група, што во период од март 2019 година, па до сега, организирале криумчарење на 400 мигранти по потекло од Aвганистан, Пакистан, Ирак, Бангладеш и други земји од Блискиот и Средниот Исток, притоа стекнувајќи се со значителна противправна имотна корист од околу 150.000 до 200.000 евра, информира денеска на прес-конференција портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

– Криминалистичката истрага над организираната 14-члена криминална група, со дефинирана структура и строга хиерархиска поставеност, се спроведуваше во изминатите осум месеци, односно од март до октомври 2019 година. Оваа криминална група во период од март 2019 година, па до сега, организирале криумчарење на 400 мигранти, по потекло од Aвганистан, Пакистан, Ирак, Бангладеш и други земји од Блискиот и Средниот исток, кои претходно престојувале на територијата на Република Грција, а меѓу кои имало и деца, стекнувајќи се притоа со значителна противправна имотна корист од околу 150.000 до 200.000 евра, рече Ангеловски.

Откако мигрантите на територијата на Република Северна Македонија биле пренесувани илегално од територија на Република Грција, преку т.н. „зелена граница“ во околината на Гевгелија и Дојран, со помош на водичи биле носени на претходно утврдени и договорени локации.

– Од овие локации членовите на групата, ги прифаќале мигрантите со патнички и товарни возила и ги превезувале до локации во близина на селата Марвинци и Фурка, Богданци, Удово и Демир Капија. Оттаму се вршело прифаќање и превезување на мигрантите до однапред договорени локации на автопатот Куманово – ГП „Табановце“, од каде биле прифаќани од други лица – нивни криминални соработници и носени во кумановските села Ваксинце и Лојане, каде биле времено сместувани и засолнувани во објекти на соработници и помагачи на криминалната група, а потоа криумчарени преку северната граница, кон државите на ЕУ, изјави Ангеловски.

Соработници во организираната криминална група, нагласи тој, биле и Б.Г., кандидат за полициски службеник и Ф.А., полициски службеник, со цел добивање на известувања за евентуална поставеност на полициски патроли, контроли или заседи

– При реализацијата на оваа криминалистичка истрага претреси беа извршени во вкупно 12 објекти во Скопје, Гевгелија и Валандово, а лишени од слобода беа вкупно девет лица. Едно лице веќе е во затворот „Скопје“, едно лице во КПУ „Идризово“, а едно лице е во затвор во Србија, соопшти Ангеловски.

Координираната акција е спроведена денеска од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги, Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ и СВР Струмица, под раководство на Јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.

Полицијата поднесе кривична пријава против 14 лица и тоа едно лице кое е со привремен престој на територија на Република Грција, М. С. (45) од село Богородица, Гевгелија, И. Ѓ. (20) од село Ново Конско, Ќ. А. (28) од Арачиново, Н. М. (35) од Арачиново, Б. Г. (24) од село Марвинци, И. Ѓ. (49) од село Ново Конско, Б. Р. (28) од Арачиново, Љ. А. (26) од Арачиново, Х. А. (27) од село Арачиново, .П. (27) од село Богородица, С. К. (23) од село Селемли, Ф. А. (32) од село Јосифово и Д. М. (22) од Богданци, заради постоење на основано сомнение сториле кривични дела: „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-в став 1 и 2, „криумчарење на мигранти“ предвидени и казниви по член 418-б став 2 и став 4 од КЗ на РСМакедонија и „помагање“ во врска со истото кривично дело.

Би можело да ве интересира

Пронајдени седум мигранти на патот Валандово – Струмица, шест Кубанци се обиделе илегално да ја преминат границата со Грција

Ана Ололовска

ВИДЕО: Војска пристигна во „Охис“ по излевањето на високотоксична хемикалија

Габриела Димковиќ-Мишевска

Спасовски: Во континуитет работиме на сузбивањето на криумчарењето мигранти

Ана Ололовска

Спасовски: Изборите нема да го пролонгираат ветингот во МВР

Ана Ололовска

Спасовски: Да не шпекулираме за бегството на Спасов, истрагата нека ја утврди одговорноста

Ана Ололовска

По секој инцидент скопјани бараат враќање на маалските полицајци, од МВР само ветувања

Маја Илиевска-Пачемска