(ВИДЕО) Суомалајнен: Ако почнете сега, има време за избирачкиот список

Од:

Со добро реорганизирање и ревизија на избирачкиот список каков што е сега и со помош на експерти можно е да се подобри списокот, да се отстранат грешките, да нема дупликати итн. Ако подготовките започнат сега, многу е можно да се заврши на време пред изборите, вели амбасадорката на ОБСЕ во Македонија Нина Суомалајнен во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Доаѓате во Македонија во критичен период на политичка криза и закажани избори чија регуларност ќе биде клучна за иднината на земјата. Се сретнавте веќе со дел домашни политичари. Каква беше вашата порака до нив?

Мисијата на ОБСЕ во Скопје е во земјава од раните деведесетти и секако нашиот мандат е малку изменет со тек на времето, но главните делови од нашиот мандат се да помогнеме во меѓуетничкиот дијалог, да создаваме конструктивни меѓуетнички релации и дијалог, да помогнеме во спроведувањето на Охридскиот рамковен договор, но исто така да бидеме организација за рано предупредување и градење доверба, превенција на конфликти, доколку постојат тензии. Тоа се главните делови од мандатот и секако тоа го дискутирав со сите претставници на власта и опозицијата и други соговорници со кои се сретнав. Многу сакаме да помогнеме земјата да напредува во овие области.

Работние групи веќе работат на прашањата поврзани со избори и најавите се дека ќе има договор до шести октомври. Вклучени ли сте како Организација во разговорите?

Да, ние бевме вклучени во работната група, понудивме техничка поддршка и исто така експертски совети кога беа дискутирани различни прашања поврзани со изборите. Ќе продолжиме и во иднина да даваме такви совети. Исто така и ОБСЕ/ОДИХР ќе има набљудувачка мисија на изборите и ние им помагаме и ним, бидејќи тие се исто така дел од ОБСЕ, и им помагаме во планирањето на набљудувачката мисија за изборите.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“