(ВИДЕО) Судиите Шопова, Нича и Фидани ќе одлучуваат за пасошот на Георгиевски

Од:

Апелациониот суд ја заврши седницата по жалбата на решението на Кривичен суд поднесена од екс-директорот на ЈП за државни патишта Љупчо Георгиевски. На седницата присуствуваа обвинителите на СЈО, Гаврил Бубевски и Стевчо Донев, а Георгиевски беше застапуван од адвокатот Стеван Павлески.

Адвокатот на Георгиевски смета дека изречените мерки на претпазливост, односно одземањето на пасошот, за Георгиевски се престроги и според него Судот донел бирократска одлука. Павлески потенцираше дека во барањето за определување мерки на претпазливост СЈО го навело брачниот и семеен статус на обвинетиот, што според него е нерелевантно за определување мерка на претпазливост.

Од друга страна, обвинителот Бубевски пред Судот рече дека остануваат на барањата за определување мерки на претпазливост.

За жалбата на Георгиевски ќе одлучува Кривичниот совет во состав: Лилјана Ивановска Шопова како судија известител, Јани Нича и Африм Фидани.

Љупчо Георгиевски е еден од обвинетите во предметот на Специјалното јавно обвинителство „Траекторија“ за кинеските провизии за изградбата на автопатот Миладиновце-Штип и Кичево – Охрид.

Би можело да ве интересира

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Кривична за судијата Ѓоко Ристов за „противправно стекнување и прикривање имот“ и за „перење пари“

А1он

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он

Апелација: Двојно повисока казна за двајцата директори обвинети за пожарот во модуларната во Тетово

А1он

Георгиевски: Во Илинден ќе се отвори полициска станица за безбедна и мирна животна средина за сите граѓани

Фетаи: Преку барање на повисока казна, не бараме освета – казната затвор не е само бројка, туку став

А1он