За Студентскиот пленум дебатата која првично требаше да се одржи во хотелот „Александар Палас“, а премиерот ја презакажа за во собрание е про форма и велат дека не сакаат да бидат дел од нечија агенда.
Според нив смешно е да се дебатира за закон кој е во второ читање. За студентите е неприфатливо повеќе од три месеци и неколку протести никој да не ги слушне а сега оддеднаш да се оргазнизираат дебати без никаква смисла.
За студентскиот пленум смешни се и изјавите од нивните колеги од студентскиот парламент кои преку изјави за медиумите се обидувале да прикажат конструктивност и дијалог а молчеле веќе три месеци.
„Ниту сме повикани на ваква дебата ниту пак сакаме да бидеме дел од ваква дебата. Ние сакаме да дадеме лигитимитет на дебата која е само про форма на владата само за да ги задоволи својата агенда и дебата на која би се слушнале само нашите аргументи и ставови кои ги трубиме три месеци и истите потоа ќе бидат грубо игнорирани. Порачуваме дека тука не дојдовме да дебатираме, дојдовме да посведочиме на дебата која што ќе го погреба високото образование“, изајвија преставниците на Студентски пленум.