(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Од:

Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид во кој престојуваа на петдневен студентски излет. Менаџерот на хотелот се огласи, како што пренесува 24сата.хр, и рече дека загрепските студенти биле агресивни.

– Разбираме дека се работи за млади луѓе, но мора да се преземат мерки – вели управителот на охридскиот хотел.

„Многу сме изненадени. Имаме големи групи студенти кои доаѓаат да се дружат овде. Никогаш досега немало проблем“, рече менаџерот на хотелот.

„Имаше студенти од Загреб и студенти од Србија. Но, студентите од Загреб беа агресивни. Сето тоа се случи минатата недела. Разбираме дека тоа се млади луѓе, но мора да се преземат мерки“, рече директорот на хотелот.

На видеото се гледа скршениот хотелски инвентар, скршени прозорци, пивски шишиња на покривот, тоалет кој изгледа како да е запален… Очигледно, студентите палеле факели во собите и ходниците.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум