ВИДЕО: Струмичанец е каминоџијата кој загина во несреќата во Хрватска

Од:

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила кај Славонски Брод во Хрватска, животот го загубил возач од Струмица, кој управувал камион со македонски регистерски таблички.

Несреќата се случила вчера околу 14:15 часот, кога камионот излетал од коловозот, удрил во столб и се запалил. Според информациите од надлежните служби, возилото најпрво ја пробило централната метална заштитна ограда, удрило во столб за јавно осветлување и преминало на спротивната, северна коловозна лента. Потоа повторно удрило во заштитната ограда и во уште еден столб.

Од здобиените повреди на лице место починал возачот, кој бил вработен во транспортна фирма од Куманово.

Сопственикот на фирмата бил информиран за несреќата, по што се упатил кон местото на настанот. Од Макамтранс потврдуваат дека сопственоста на камионот била утврдена преку регистарските таблички.

Би можело да ве интересира

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Во Загреб пронајдени распаднати човечки останки, припаѓаат на поранешен хрватски ММА борец

Двегодишно дете и неговата мајка загинаа во сообраќајка кај Бујановац

А1он

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

40 години затвор за убиецот на младиот доставувач на храна во Хрватска

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он