(ВИДЕО) Страшна сообраќајка кај Лесковац: Загина жена од Македонија, четворица повредени

Од:

Во тешка сообраќајна несреќа на автопатот над Предејане, на влезот во Грделичката клисура, се случи тешка сообраќајна несреќа во која на лице место починала млада жена, а четири лица се повредени, меѓу кои две деца на возраст од 2 и 4 години.

Несреќата се случила откаков возачот изгубил контрола над возилото и силно удрил во насипот. Станува збор за семејство од Северна Македонија, кое се враќало дома по одморот во Словенија.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е информирано дека вчера во попладневните часови во близина на населеното место Палојце се случила сообраќајна незгода во која животот го загубило едно лице, додека три лица се повредени.

Согласно информациите од амбасадата, лицето кое го загубило животот е државјанин на Република Северна Македонија, додека повредените лица се државјани на Република Словенија.

Амбасадата во Белград е во постојана комуникација со надлежните служби на Република Србија и за сите дополнителни информации јавноста ќе биде навремено информирана.

Би можело да ве интересира

Пијан возач премина во спротивната лента – загина жена

А1он

Загина 19 годишник во сообраќајка во Србија – другарот со автомобил удри во коњи покрај патот

А1он

ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина 30 годишна жена, тројца се тешко повредени

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он