(ВИДЕО) Стојкоски: Ќе изградиме катна гаража во Ѓорче Петров

Од:

Ѓорче Петров ја добива првата катна гаража! Токму овде, во срцето на Ѓорче на локација веднаш наспроти новата општинска зграда ќе ја изградиме првата катна гаража во Ѓорче Петров. Катната гаража ќе биде со капацитет од приближно 360 до 390 возила, ќе вклучува подземен паркинг кој ќе биде со големина од 1.800 метри квадратни и надземен паркинг со површина од 7.200 метри квадратни, изјави градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

– Дополнително, овој современ и урбан објект ќе поседува и деловен простор од 2.000 метри квадратни. Се грижиме за ѓорчепетровци, наоѓаме решенија за проблемите коишто ги имаат. Искуството во изминатите четири години ни покажа дека можеме да најдеме трајни и одржливи решенија. Така ќе продолжиме и во наредниот мандат. Направете го вистинскиот избор, вели Стојкоски.

Би можело да ве интересира

Стојкоски: Целосна реконструкција на патот што води од долниот дел на Ново Село до Црквата „Св. Архангел Гаврил“

Стојкоски: Продолжуваме со континуирани инвестиции во образованието и подобрување на условите за најмладите

Стојкоски: Едносменска настава за сите ученици во Ѓорче Петров

(ВИДЕО) Стојкоски: Ѓорче Петров добива пет нови детски градинки

(ВИДЕО) Стојкоски: Ѓорче доби осум нови спортски терени

Горан Наумовски

Стојкоски: Ги исплативме наследените четири милиони евра долгови