(ВИДЕО) Стојчевски: Лефков е симбол на сѐ погрешно во ВМРО-ДПМНЕ, сее лаги, а молчи за Кочани

Од:

Додека Македонија гори, прва во Европа по изгорена територија Миле Лефков и ВМРО-ДПМНЕ лажат, манипулираат и спинуваат за да ја покријат својата непособност. Човекот кој месеци молчеше и се криеше од сопствените сограѓани во Кочани, сега повторно излегува да сее лаги, да манипулира и да спинува, вели Трајче Стојчевски, претседател на СДММ.

– Со кое лице Миле Лефков денес се појавува, со кој образ? После трагедијата во дискотеката „Пулс“ го снема. Зошто? Дали затоа што бил чест гостин? Дали си правел прослави, забави, а не плаќал? Или како што јавно се зборува затоа што наводно бил на платен список кај еден од сопствениците? Како член на локалниот Совет за превенција во Кочани, Миле Лефков знаел што се случува во дискотеката во Пулс. Ама молчел. Нека излезе пред граѓаните и нека каже зошто молчел и кого штител. Лефков не донираше ниту денар за настраданите во Кочани. Напротив, јавно тврдеше дека со Законот за помош на семејствата се „рушел правниот поредок“. И сега, истиот тој Лефков, лажно обвинува од прес-сала, покажува монтирани фотографии и се надева дека граѓаните забораваат. Наместо да се крие зад фабрикувани лаги на партиски прес-конференции, Миле Лефков нека излезе пред граѓаните и нека одговори. Нека се соочи со вистината. Ова не се прашања на СДСМ. Ова се прашања на народот. Прашања на совеста. Лефков е симбол на сѐ што не смее да биде македонскиот пратеник: бегство, ароганција, молк за вистината и партиска лојалност пред човечка совест. Но Лефков има еден голем проблем – граѓаните не забораваат, изјави Стојчевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО