(ВИДЕО) Стојановски: Ако штрајкуваме ни се закануваат дека нема да земеме плата

Од:

Професорите од гимнзаијата „Орце Николов“ велат дека ќе продолжат со штрајк се’ додека не се почне со преговори со Министерството за образование и наука за нивните барања. Тие откриваат дека се изложени на закани дека ќе го изгубат работното место и разни други притисоци

– Последно е: нема да примите плата заради тоа што не сте држеле настава, потоа, во рок од три дена, штом ќе заврши штрајкот, ќе добиете отказ, затоа што не сте учествувале во таа и таа активност итн. Најразлични нешта кои постојано се играат околу нас, вели за А1 он, Душко Стојановски, професор во гимназијата Орце Николов.

Тој вели дека професорите од оваа гимназија се одлучени да штрајкуваат се’ додека не почнат преговорите со надлежното министерство за нивните барања.

– Да видиме каков тек ќе заземат тие преговори, па дури тогаш ќе видиме како ќе постапиме, додава Стојановски.

Професорите од СУГС “Орце Николов“ во Скопје штрајкуваат од 20 јануари.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Советот на СОНК на вонредна седница одлучи в понеделник да протестира пред Министерството за култура

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за култура

Катерина Ѓуровски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

Неделков: Колективниот договор за високо образование и наука е исполнет во целост

Дијалогот помеѓу синдикатите и Владата е постојано во тек

А1он

Вработените во градинките ќе добијат цели плати за периодот на штрајкот

Катерина Ѓуровски