(ВИДЕО) Стојаноски: Во Ѓорче Петров 180.000 евра ќе бидат потрошени за партиски вработувања наместо за справување со коронавирус

Од:

„Наместо сите расположливи средства да се стават на можност за користење за побрзо справување со ситуацијата со Ковид 19 – корона вирусот општина Ѓорче Петров во ек на најголемата здравствена и економска криза склучува договор за нови привремени вработувања во износ од 10.999.960 денари или скоро 180.000 евра пари на граѓаните кои наместо да бидат алоцирани да го заштитат нивниот живот од вирусот, ќе легнат во џебовите на партиските војници на СДСМ и на кликата на Александар Наумоски“, рече Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во договорот што можете да го видите зад мене ќе видите дека овие средства, 10.999.960 денари кои ќе бидат потрошени за привремени партиски вработувања може да бидат искористени за дезинфекција на улиците, училиштата и градинките, јавните површини, местата каде што се даваат административни услуги, а каде што се собираат многу луѓе, може бесплатно да се дезинфицираат влезовите на зградите, може да се направат уште многу нешта кои што би го спречиле ширењето на овој вирус.

Крајно расипнички и недомаќински, а и опасно по животот на граѓаните е да потпишувате договори за привремени вработувања од скоро 11 милиони денари за вработување на партиски пајташи на СДСМ кога во буџетот на државата ви недостасуваат над 2 милијарди евра, а во исто време 15.000 угостители да останат без работа, редиците за одјава пред агенцијата за вработување се се поголеми, а бројката на вкупно загубените работни места да биде скоро 160.000 луѓе. Не смее малите и средните претпријатија да се пред колапс, платите во јавната администрација да се кратат, граѓаните во приватниот сектор да се плашат за основната егзистенција, лекарите, полицајците и сите оние кои што се во првите линии во оваа борба да се борат голораки, а Наумоски да вдомува свои партиски кадри со 10.999.960 денари наши пари.

И да биде впечатокот целосен, во исто време се трошат 15 милиони денари за привремени вработувања во општина Гази Баба, скоро 24 милиони денари во општина Бутел, а ЈП Водовод Куманово, градот кој што е жариште на корона вирусот ќе потроши 7.5 милиони денари на партиски вработувања.

Само во овие четири општини СДСМ за вработување на свои партиски војници ќе потроши скоро 57 милиони денари!

За таа цел сметаме дека овие набавки се комплетно недомаќински и бараме апсолутно да се укинат и средствата да се пренаменат во можности за справување со корона вирусот.

Александар Наумоски доколку им мисли добро на Ѓорчепетровци треба веднаш да го раскине овој договор и сите 10.999.960 денари до денар да ги пренамени во борбата против корона вирусот!

Ова не е солидарност, туку неодговорност!

Овие средства ќе бидат многу покорисни доколку се искористат за поддршка на медицинскиот персонал, како и за помош на вработените во стопанството.

Каква е таа солидарност кога на стопанството му велите да се стрпи, во исто време удирате по работниците и кратите плати, а од друга страна вработувате нови партиски кадри?

Ова не е време на ситно политиканство, туку на мудри одлуки.

Потребна е одговорност спрема својата држава“, изјави Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ги потврди листите за пратеници

Катерина Ѓуровски

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Николова: Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје

ВИДЕО: Време е за 90 пратеници и една изборна единца порача Мицкоски во промоцијата на изборната програма

Катерина Ѓуровски

Членство во ЕУ и продолжување на стратешкото партенство со САД – изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја презентира програмата за парламентарните избори 2024