(ВИДЕО) Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ вети и оствари, 5.000 денари покачување на пензиите од септември и март

Од:

ВМРО-ДПМНЕ им честита на над 300.000 пензионери, тие конечно можат да бидат спокојни, премиерот Христијан Мицкоски и владата донесоа одлука за линеарно зголемување на пензиите за 5.000 денари. Покачувањето на пензиите за 5.000 денари беше едно од главните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ во изборната кампања, и тоа е остварено веќе во првата недела од мандатот на владата, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Покачувањето ќе се реализира во два наврати. Првото покачување од 2.500 денари пензионерите ќе го добијат во септември. Тоа ќе биде трајно и линеарно, додека второто ќе го добијат во март идната година, кое исто така е трајно и линеарно. Пензионерите никогаш повеќе нема да бидат лажени со еднократна помош која се продаваше како покачување од страна на СДС и ДУИ, ниту пак со ситни покачувања. Пензионерите се работната генерација од пред 60, 50 или 40 години, тоа се луѓето кои ја граделе државата каква што е денес и тие ја заслужуваат нашата почит и мора да имаат достоинствен живот. ВМРО-ДПМНЕ вети и оствари – рече Стојаноски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он