(ВИДЕО) Стојаноски: Работниците не добија ветувања, добија повисоки плати

Од:

Денес сме должни да ја поставиме целосната слика, а не само дел од неа. И затоа изминатите денови директно, со докази, покажавме што е разликата помеѓу нас и останатите. Кога бевме опозиција, застанавме со работниците затоа што имаше реален проблем – платите доцнеа, колективните договори не се почитуваа и се подготвуваа законски измени со кои минималната плата требаше да се исфрли од формулата за пресметка. Тоа ќе значеше прекин на линеарниот раст и слабеење на заштитниот механизам за илјадници вработени. Тогаш, заедно со синдикатите, поднесовме над 40 амандмани и го спречивме тој обид, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Не дозволивме минималната плата да биде отстранета од системот. Тоа е причината зошто денес, кога расте минималната плата, растат и останатите примања. Разликата денеска е суштинска. По две години управување со државата, не зборуваме за барања – зборуваме за реализирани договори. Во општините платите се зголемени во просек за околу 5.000 денари. Во основното и средното образование обезбедивме раст од 46% до 60% во четиригодишен период.

Во високото образование зголемувањето е минимум 14%. Во здравството – од 40 до 50% во еден мандат. Полициските службеници добија 10%, социјалните работници 20%, а околу 11.000 административци, судски и обвинителски службеници имаат гарантирано покачување од 40% до 2028 година. Сите колективни договори се испочитувани. Платите се исплаќаат редовно. Инфлацијата е стабилизирана од двоцифрени стапки на едноцифрена стапки на инфлација. Ова се системски решенија, не се импровизации. Оваа Влада вака го реализира договорот со работниците. Ние не бегаме од дијалог за минималната плата, но решенијата мора да се носат институционално – во Економско-социјалниот совет, со одржлив пристап што ја штити и економијата и буџетот. Кога сме во опозиција – спречуваме штета. Кога сме на власт – обезбедуваме раст. Работниците заслужуваат сигурност, договор што важи и политика што носи резултати, рече Стојаноски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноски: Продолжува растот на платите и стабилната економија

(ВИДЕО) Стојаноски: Историски успех за македонската Влада и дипломатија

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он

Стојаноски: Филипче и Заев преку државните институции и правосудството под нивна команда, сакале за багателна цена да ја земат клиниката Жан Митрев

(ВИДЕО) Стојаноски: Филипче сакал да му ја земе болницата на Жан Митрев, Обвинителство веднаш да го истражи случајот

А1он

Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Предраг Петровиќ