(ВИДЕО) Стојаноски: Продолжува растот на платите и стабилната економија

Од:

Денеска сме должни да ја кажеме вистината. Синдикатот нè напаѓа дека кога бевме опозиција сме ги поддржувале на протестите, а сега наводно тоа не било случај. Точно е, кога тие протестираа од 2020 до 2024 година, ние излеговме пред Собранието, пред Министерството за финансии, истакна на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Како што можете да видите на фотографиите, остварувавме бројни средби и кога бевме во опозиција, а особено тие средби се интензивираа откако ја преземавме власта. Ги поддржувавме и заедно спречивме многу штетни политики кои сакаше да ги имплементира тогашната власт. Го критикувавме тогашниот криминален систем на СДС и ДУИ, затоа што не ги почитуваше колективните договори и затоа што платите доцнеа со месеци.

Но, ајде да ја поставиме суштинската разлика. Тогашното барање на ССМ беше линеарно зголемување од 2.806 денари по вработен во јавниот сектор, што можете да го видите од амандманот којшто беше изготвен од нив, а поддржан од наша страна. Истовремено може да се види како на официјалната веб страна на ССМ тие дури и јавно ни се заблагодаруваат на нас, неколкумина, кои тогаш застанавме рамо до рамо со нив.

Денес, две години откако ја водиме државата, фактите се следни:

– Во општините раководени од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, платите се зголемени во просек за околу 5.000 денари по вработен.

– Вработените во образованието добија колективен договор со кој тие во основното и средното образование ќе имаат од 46% до 60% повисоки примања во рок од четири години.

– Вработените во високото обрасование добија покачување за минимум 14%

– Здравствените работници ќе добијат 40 до 50% повисоки плати во еден мандат, со склучениот колективен договор од оваа Влада.

– Полициските службеници добија 10% зголемување.

– Социјалните работници добија 20% повисоки плати.

– Вработените во Генералниот секретаријат и СОЗР добија 30% зголемување преку посебни колективни договори.

– Околу 11.000 вработени во администрацијата, судовите и обвинителствата се опфатени со историски договор кој гарантира покачување на платите за 40%, за 2 години и 3 месеци, кој трае до 2028 година.

– Испочитувани се во целост сите колективни договори кои претходната власт ги игнорираше, во одбраната, културата и други институции.

– Платите денес се исплаќаат редовно, без доцнење со месеци како што беше во времето на СДС и ДУИ.

Сите овие зголемувања на платите се многу поголеми од тоа зголемување што тогаш го бараше ССМ, а уште поважно до крајот на мандатот ќе го надмине целосно барањето кое што сега го има Трендафилов. Сега прашањето е многу едноставно: Ако тогаш барањето беше 2.806 денари, а денес зголемувањата се значително поголеми од тоа, каде е проблемот? Вистината е следна: Ние како опозиција поддржувавме борба за повисоки плати затоа што имаше неправда. Денес, како власт, ние не ветуваме на улица, ние реализираме преку договори, проценти и потпишани колективни спогодби.

За овие две години, Владата склучи договори, зголеми плати и воспостави системска рамка до 2028 година. Воедно да потсетиме и на тоа дека инфлацијата значително ја намаливме од оние двоцифрени стапки кои беа во перидот од претходно. Во исто време, од страна на раководството на ССМ нема ниту еден нов договор со кој тие самостојно избориле зголемување. Нема ниту една конкретна победа издејствувана преку преговори. Работниците заслужуваат синдикален лидер кој ќе седи на маса и ќе договара проценти, рокови и гаранции.

Во моментов, на чело на ССМ е човек кој се обидува да гради политичка кариера преку конфронтација во име на трудот на работниците. Да бидам јасен: Ние не бегаме од дијалог. Ние не бегаме од разговор за минимална плата. Но минималната плата мора да се договара институционално, во Економско-социјалниот совет, меѓу работодавачите и синдикатите, со Владата како посредник.

Решението мора да биде одржливо за сите инволвирани, за работниците, за работодавачите, за буџетот, за економијата во целост. Популизам со говори е лесен. Потпишан договор што важи четири години значи сериозен пристап, предвидливост и одговорност кон сите чинители. Владата како работодавач ќе продолжи со системски зголемувања на платите, но и почитување на склучените колективни договори. Денешната блокада нема да ја спречи Владата да продолжи со заложбата за раст на платите. Напротив, ние ќе продолжиме да работиме на поголем економски раст од досегашниот кој ќе овозможи зголемување на сите плати во државата, а не само на минималната. Работниците не се и никогаш нема да дозволат да бидат средство за политички пресметки. Тоа се сериозни луѓе кои ги извршуваат своите работни обврски, а бараат сигурност, плата на време и договор што важи, вели Стојаноски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноски: Историски успех за македонската Влада и дипломатија

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он

Стојаноски: Филипче и Заев преку државните институции и правосудството под нивна команда, сакале за багателна цена да ја земат клиниката Жан Митрев

(ВИДЕО) Стојаноски: Филипче сакал да му ја земе болницата на Жан Митрев, Обвинителство веднаш да го истражи случајот

А1он

Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Предраг Петровиќ

Стојаноски: Ние практично сме први кои што сакаат да се расчистат немилите случаи и трагедии

А1он