Од победничко Јегуновце, најпрво се заблагодарувам и им честитам на сите граѓани на Република Македонија, особено на тие од изборната единица шест, затоа што вчера ја направија Македонија горда, изјави Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6.
– Вчерашниот датум, 24 април, оваа криминална власт го доби жолтиот картон, а црвениот и следува на 8 мај. Денес продолжуваме со стисок на рака повеќе и барање на глас повеќе, заедно да се обединиме против криминалот. Ова политичко зло да го испратиме во пензија и Македонија повторно да ја направиме твоја и повторно горда – рече Стојаноска.