(ВИДЕО) Стојаноска: Како и со Ковид -19, така и со мајмунските сипаници власта се однесува неодговорно

Од:

Во Македонија, со власта на СДСМ и ДУИ, се случува тотален распад на системот. Земјава, од сите земји во регионот, па и пошироко, најлошо ја помина пандемијата со Ковид-19. Бевме меѓу земјите со најголем број починати на еден милион жители, последни почнавме со вакцинација, две години каскавме зад сите останати. И, како да не ги научивме лекциите, па сега продолжува власта со својата неодговорност и неспособност, вели Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Во услови кога цела Европа стравува од нова епидемија, овој пат епидемија од мајмунски сипаници, нашите власти се повторно неорганизирани. Откако излезе во јавноста информација дека едно лице во Македонија е суспектно на оваа болест, следеше уште една потврда за неспособноста и неажурноста на надлежните институции. Ова лице, не само што не било тестирано за да се утврди дали е или не е заболено, туку му било дозволено да си оди дома и слободно да се шета меѓу граѓаните. Односно, ова значи дека нема никаков здравствен третман и протокол од страна на институциите. Тоа е недозволиво, бидејќи на ваков начин се загрозуваат општото здравје и животите на граѓаните кои се изложуваат на една заразна болест“, истакна Стојаноска.

Дополни дека министерот за здравство, Сали тврдел дека институциите се подготвени, но на дело, како што рече ја гледаме нивната неспособност.

„Дали министерот Сали и другите надлежни ќе понесат одговорност, доколку заразата се прошири? Дали институциите ќе бидат виновни доколку се утврди дека суспектното лице е навистина заразено и притоа му било дозволено слободно да се шета, без да се почитуваат протоколите за заштита од заразни болести? Зошто не се превенира, ако знаеме дека потоа е многу потешко да се заштити општото здравје на граѓаните? Зошто не се донесат конкретни протоколи и според нив не се справуваат со предизвиците? Очигледно е дека власта на СДСМ и ДУИ пати од хронична недокваканост. Тие, како и во пандемијата, така и сега, дозволуваат работите да излезат од контрола, па после ќе ги обвинуваат граѓаните“, нагласи Стојаноска.

Оценува дека неодговорноста на СДСМ и на ДУИ е епска. Неодговорноста, според пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, мора да се казни и да се промени час поскоро на избори, затоа што загрозува животи и здравје на граѓани.

Би можело да ве интересира

Стојановска: Македонија е заложник на мафијашите и подземјето контролирани од Спасовски и СДСМ

Стојаноска: Џафери се изживува со пратениците

Стојановска: ВМРО-ДПМНЕ е за нов Клинички центар, но со изготвен проект, а не со физибилити студија од 35 страни

Стојановска: Онлајн седниците на Собранието параван на власта за потврдување мнозинство

Zoran Conevski