ВИДЕО: Стојанче Ангелов на сајла ја премина клисурата во Мрежичко

Од:

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, денеска учествуваше во вежба за спасувачка акција „Мрежичко 2021“ и со јаже се преминуваше преку кањон. Тоа го направи за, како што рече, да им оддаде почит и да ја докаже неговата доверба во вештините и опремата кои ги поседуваат членовите на Спелеолошката федерација на Македонија.

„Потребни се длабоки системски реформи за овие луѓе да бидат ставени во системот на државата, во системот за управување со кризен менаџмент за нивните вештини да бидат на располагање за сите граѓани на кои ќе им биде потребно спасување или извлекување од непристапни терени. Наша задача како ЦУК е длабоки реформи на целиот систем за да бидат отстранети сите недостатоци кои ќе ги детектираме или се детектирани до сега“ – рече Ангелов.

Вежбата „Мрежичко 2021“ беше изведена во кавадаречкиот регион, а кањонот преку кој тој поминуваше е длабок околу 30 метри.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 20 пожари на отворен простор, кај Готен се дејствува со „пинц гауери“ и ер трактори

Ангелов: Бројот на пожари висок, третиот „ер трактор“ во фукција на почетокот на август

Ангелов: Откриен обид за предизвикување пожар на Осоговските Планини

Ангелов: Пожар делумно го зафати покривот на црквата кај село Мршевци

А1он

Ангелов: Јавниот повик за прием на 400 пожарникари по владината мерка за поддршка во борбата против пожарите завршува во четврток

ВИДЕО: Пожарите во Крушје и Локвица ќе бидат потешки за гаснење, предупредува Ангелов