(ВИДЕО) Стоилковски: За чија иднина зборува Заев, може ли да зборува за иднина без минато?

Од:

Зоран Заев ги злоупотребува власта и позицијата и упорно лажно ја убедува нацијата да ја прифати капитулацијата како опција за иднината. Но, Заев не кажува за чија иднина зборува? Може ли да се зборува за иднина без минато? За Заев сè е можно, само да си го продолжи рокот од соочување со правдата. Почитувани, додека на сила се обидува да се протне овој капитулантски договор во уставниот систем, Зоран Заев почна кампања за лажење за неизбежноста на капитулацијата, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, оваа кампања Заев ја почна пред воопшто капитулантскиот договор да биде ратификуван и пред да се донесе каква било одлука за распишување референдум. Тоа е класична злоупотреба на системот и доведување на граѓаните во заблуда. Но, тоа е и доказ дека Заев е свесен дека граѓаните се противат на неговиот договор.

„Заев вели ‘да кажеме ДА за нашата иднина’. Но, Заев не кажува дека според капитулантскиот договор, во таа иднина нема место за Република Македонија, нема место за Македонците, во Заевата иднина нема место за македонска историја, нема место за македонска традиција, нема место за македонското сонце, нема место за МАНУ, за МНТ, за МРТ, за Танец.

Во своите памфлети Зоран Заев нема ниту збор за комисиите за менување на сета историја која сега се темели на научни факти, наоди и докази. Со други зборови, Зоран Заев во своите памфлети не кажува ниту збор за тоа што прифати од Грција, а тоа е систематско бришење на секоја трага на постоењето на Македонија“, вели тој.

Според Стоилковски, таканаречениот Договор е капитулација на македонската наука, на македонската самосвест, на македонското постоење.

„Таква капитулација е неприфатлива за македонскиот народ, за македонската опозиција, за македонската наука, за македонскиот претседател. Таква капитулација се коси со вековната борба за самостојност и придобивките од неа запишани во документите од Илинденското востание, Асномскиот манифест, создавањето на независна и суверена Република Македонија. Овој капитулантски личен договор на Заев за укинување на Македонија не треба да заживее. ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во негово спроведување, а секаков обид за негово спроведување на сила ќе носи и одговорност. Македонија нема да потклекне, Македонија ќе победи“, додава тој.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?