(ВИДЕО) Стоилковски: Спасовски и Шекеринска да се откажат од платите над 80.000 денари и да ги донираат за борба против коронавирусот

Од:

„Наместо кратење на плати на работниците и на администрацијата, даваме конкретен предлог, да нема плати за министрите. Нудиме конретен предлог до владата, Спасовски, Шекеринска и другите да се откажат од платите и да ги донираат за борбата против корона вирусот

Оливер Спасовски да се откаже од нето платата од над 88,000 денари. Радмила Шекеринска да се откаже од нето платата од над 80,000 денари. Мила Царовска да се откаже од нето плата над 73,000 денари. Рената Тренеска Дескоска од платата од над 73.000 денари, Никола Димитров од платата од над 72,000 денари, Дамјан Манчевски од над 70,000 денари плата и така натаму“, вели Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Предлагаме сите 26- министри да се откажат од примањата кои се движат од 70.000 до 90.000 денари нето и да работат про – боно! Ако СДСМ навистина сакаат да помогнат тогаш целосно да се откажат од нивните приходи по основ на плата и хонорари, додека трае кризата со епидемијата на корона вирусот.

Дополнително, нека се откажат и од привилегиите кои одат со функцијата како службени возила, телефони и репрезентации кои ги прават и ги плаќаат со народни пари.

Почитувани, доколку министрите, замениците – министри, директорите, и членовите на управните и надзорните одбори работат без пари, про – боно со тоа ќе се заштедат над 2.5 милиони евра месечно. Тоа се над пет милиони евра за два месеци, колку што предлагаат да трае драконската мерка за македонската економија.

Ако е вистина, а не лицемерно, ако навистина го мислат тоа што го кажуваат, тогаш функционерите од СДСМ нека почнат со свој личен пример да го помогнат народот.

Министерката Дескоска да почне од себе, да се откаже од вкупната плата и примања, а потоа да ја следат и Спасовски, Шекеринска и другите функционери во владата“, изјави Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски