(ВИДЕО) Стоилковски: Со ниту една ставка во договорот не се заштитува македонскиот идентитет и посебност

Од:

Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција рече дека во Договорот со Грција, нема ниту една ставка со која се заштитува македонскиот идентитет и посебност.

– Залудна е сета пропагандна машинерија на власта да ги убедува граѓаните во лагите. Обврските кои ги преземал Заев не може да се покријат ниту со префрлање на вината врз опозицијата ниту со бакнување на пенкала. Заев може да убедува да дојде на гости и да се фотографира со кого сака, но тоа нема да му помогне во обидот да ги излаже граѓаните за капитулацијата. Не минува лагата дека уставните измени се мали, како и дека дури сега со оваа капитулација македонскиот јазик и државјанство добиле потврда. Затоа сеуште нема демант за ставовите на соседниот премиер Алексис Ципрас, кој што се пофалил дека ги зачувал црвените линии на Грција. Ќе потсетам на еден твит од Алексис Ципрас – Тие се однесува на Заев и неговата свита, инсистираат на лагата дека Грција ги прифатила македонската нација и јазик со договорот, тоа го прават иако многу добро знаат дека никаде во договорот, никаде не стои признавање на македонска националност. Нема признавање на националност, пишува Ципрас. Измина недела, а нема никаков демант од македонското МНР, рече Стоилковски.

Тој додаде дека Заев се спогодил за засекогаш да се избрише името Република Македонија и македонската култура, историја и традиција.

– Дури и неговите најблиски соработници веќе признаваат – дека странците кои го поздравуваат договорот не ја знаат неговата содржина, освен дека е постигнат договор за името. А токму во деталите е погубноста. Деталите со кои се губи македонското име, придавка, историја, традиција, култура, посебност, се губат роднините во соседството. Оттука, и пребројувањето на поздравите се само дел од лажната еуфорија. Вистината е дека ниту Договорот е добар, ниту идентитетот е заштитен, ниту има датум за ЕУ, ниту НАТО е на дофат. Ниедна меѓународна институција во своите редови нема да прими аболициран криминалец, ниту држава која тој ја злоупотребува со притисок врз судството и со економија заложник на неговиот семеен клан. Граѓаните знаат, Македонија знае, па и ЕУ и НАТО знаат дека за тоа е потребно многу повеќе од бакнувања на пенкала. Македонија заслужува подобро. Македонија ќе победи, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Радикални структури се обидуваат да предизвикаат вештачки конфликти со симболите на државноста и борбата, вели Мицевски

ВМРО ДПМНЕ: Владата привлекува странски инвестиции и отвора нови работни места

ВМРО-ДПМНЕ: Потпалувачите на пожарите во Македонија се блиски до опозицијата

(ВИДЕО) Петрушевски: На повеќе места пожарите се подметнати, истрагата води до лица блиски до опозицијата

А1он

Кузеска: СДСМ најостро го осудува нападот, владата да престане да ја заштитува мафијата

Предраг Петровиќ

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје осудува секаков вид на насилство, притисоци и закани

Предраг Петровиќ