(ВИДЕО) Стоилковски: Нема крај на скандалите и аферите поврзани со сомнежи за криминал и исцицување на државниот буџет

Од:

Нема крај на скандалите и аферите поврзани со сомнежи за криминал, корупција и исцицување на државниот буџет од власта на сметка на осиромашување на граѓаните, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

– Незаменливоста на тимот на Зоран Заев, предводникот на правосудните реформи, аболициран и помилуван за два криминално коруптивни случаи, Глобал и Поткуп, ги отвори портите за неказнивост и со тоа целосна незапирливост во криминални дејства на луѓето блиски до власта. Незаменливоста кај Заев, Филипче веројатно ја разбира како опција за набавки во четири очи, од кои две се или негови или очи на негови блиски. Не стивнува аферата по која и ОЈО започна постапка, за Крвавите тендери и за можен организиран криминал за набавките во четири очи од 400.000 евра, а веќе во јавноста пламнува нова афера за три тендери тешки повеќе од 3 милиони евра префрлени од Клиниката за хематологија на веледрогеријата „д-р Пановски“, рече Стоилковски.

Тој побара доколку тоа што директорката на клиниката, Ирина Пановска Ставридис е ќерка на Златко Пановски, сопственикот на веледрогијата добитник на тендерот, не е злоупотреба на службена положба и корупциски скандал, власта да објасни за што станува збор.

– Ова е директен судир на интереси на штета на буџетот. Ќерката директор на клиниката овозможува тендери за компанијата на татка си, и тоа во три наврати во период од септември лани до мај годинава. На сајтот на Бирото за јавни набавки се прикажани сите три договори меѓу Клиниката за хематологија и веледрогерија „д-р Пановски“, но, како јавија и медиумите, документите за две од трите постапки ги нема, а на достапниот договор наместо ќерката-директор, потпишани се овластени потписници. Министерот Филипче залудно се крие од одговорност, кога самиот тој ја поставил ќерката на Пановски за директор, иако уште тогаш во јавноста се говореше за конфликт на интереси заради врската меѓу министерот со директорката на клиниката за хематологија, рече Стоилковски.

Според него, никој во власта не мисли на скандалот, кој го нарече, „крвави тендери“ тежок 35 милиони евра, ниту за набавките тешки 400 илјади евра за кои испитува ОЈО.

– Веројатно незаменливоста и наводните правосудни реформи ќе го сторат своето. Во меѓувреме секојдневно го исцицува македонското здравство сомнително префрлајќи пари на сметки на неговата љубена и нејзината компанија. Притоа пак, таа без ужива во пренесената неказнивост и незаменливост и без проблем управува со една од универзитетските клиники, набавувајќи лекови од семејната компанија, со огромна можност за нови злоупотреби! Заев и Филипче мора да одговорат дали Клиниката за хематологија се претвора во приватна клиника на Пановски?, запраша Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад