(ВИДЕО) Стоилковски: Не може да се поистоветуваат евроатлантските интеграции и промената на името

Од:

Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција рече дека СДСМ лажно ги поистоветуваат евроатлантските интеграции со промената на Уставот и името на земјата.

– Над 70 проценти од Македонците се за НАТО, но не се и за промена на името и на идентитетот. Поистоветување на овие две работи е груба манипулација со граѓаните и со нивните чувства. Заев ги понижи граѓаните и трајно ги наруши интересите на Македонија. Тој едно зборува во земјава, а друго во странство. Ги излажа македонските граѓани и целиот процес на преговори до потпишувањето на капитулантскиот договор го водеше тајно без да ги информира ниту претседателот ниту опозицијата. Затоа е лицемерно што сега Заев говори за било какви идни консултации со граѓаните, кога целиот процес на преговори со Грција, а сега тоа стана услов и за НАТО и ЕУ, ги водеше тајно, без граѓаните, потпиша и се обврза сам, со што ја понижи и македонската држава и македонската нација. Притоа, прво се консултира и ги соопштува своите ставови на Грција, а дури сега се сети за потребата од консултации во Република Македонија, рече Стоилковски.

Тој додаде дека Заев треба да се извини на граѓаните бидејќи ги лажел оти ќе ја внесе Македонија во евроатлантските структури под референцата и со непроменет Устав.

– Тоа што Заев не може да прифати е дека неговото капитулантско дело, кое сега стои пред интеграциите, е неприфатливо и е цел на огромна критика на јавноста. Заев треба да се соочи со граѓаните и да им се извини затоа што прифатил грчките историчари да ја бришат и ревидираат македонската историја, но им да им објасни колку ќе чини казната ако се употреби придавката македонска, македонско, македонски што претставува идентитетска определба? Ова мора да запре. ВМРО-ДПМНЕ го повикува секој еден граѓанин кој што не се согласува со овој виртуелен живот организиран од СДСМ, во недела да се приклучи на протесниот марш во Кавадарци. И да се знае Македонија ќе победи, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад