(ВИДЕО) Стоилковски: Македонија го покажа својот пркос и покрај прогонот на патриотите

Од:

Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека сите притисоци, закани, уцени, репресија, прогон, сето политички мотивирано замолкнување на народот, на опозицијата, на политичките неистомисленици не успеале да ја замолкнат Македонија.

– Зоран Евро Заев, Македонија ѝ порача „не“ на оваа твоја „ќе“ Влада. Македонија го покажа својот пркос и покрај прогонот на патриотите. Македонија покажа дигната глава пред судот на Зоран Евро Заев. Македонија се крева, Македонија дојде да ја земе својата иднина од рацете на Зоран Евро Заев. Македонија покажа дека е против погубните политики на вештачката кованица на власт на Зоран Евро Заев. Македонија порача дека е против економските ЌЕ лаги на Зоран Евро Заев. Македонија посочи – Зоран Евро Заев мора да престане да тргува со македонското достоинство и државните интереси. Пораката на народот е јасна: Зоран Евро Заев, не ти се плашиме. ВМРО-ДПМНЕ не ти се плаши. Македонците не ти се плашат. Кога е во прашање Македонија, Македонците не чувствуваат страв и нема предавање. Зоране Евро Заев, единствената свиткана кичма – е твојата, ти ја свитка народот во саботата. Прочитани сте, рече Стоилковски.

Тој додаде дека се залудни заканувачките пораки испрати од, како што рече, органите на репресија на Заев.

– Залудни се заканите за бркање од работа, за одземање на парчето леб, за оставање на улица. Народот виде дека Зоран Евро Заев обезбедува корка леб само за своите советници. На народот и онака му порачавте, сиромашни сте, не сте наша грижа. Срамно е раководители поставени од СДСМ да праќаат јавни пораки дека „требало сите да бидат истерани од работа“ затоа што искажале револт. Срамно е лица што земаат пари од граѓаните како раководителката од Македонски пошти, која е фотографирана со Петре Шилегов и Андреј Жерновски, да бара да бидат истерани од работа, да останеле без корка леб, сите оние кои останале да работат, а протестирале против политиките на власта? Срамно е што бараат партиските послушници на СДСМ поставени во институциите. Тие сакаат да се смени законот за државни службеници, бидејќи на тој начин цитирам „многу едноставно и легално ќе ги исчистеле институциите од плукачите“? Размислуваш ли Зоране Евро Заев да го озакониш масовното „јадење живи луѓе“ кое што го спроведуваш онаму каде можеш? Зоране Евро Заев, срамно и недозволиво е што твои полициски пулени плукаат врз народот. Полициските службеници во полицијата што ја реформираш ти, вон сите професионални и етички норми, ги навредуваа и потценуваа луѓето чија безбедност и благосостојба, треба да му се на прво место. На таква ли професионализација мислевте, рече Стоилковски.

Како што кажа тој, односот на СДСМ го народот го покажувале функционери и пратеници со нивните семејства.

– Ако пратеничката Мира Стојчевска не се грижи како ќе влијае високата акциза за дизелот врз сиромашните, за нејзинот син, на протестот присуствувале „хибернирани кретени“, и била „излеана фекална канализација“ по улиците на Скопје. Ова е сликата за демократијата на Зоран Евро Заев. За ова ли е добиена „кристално чиста препорака“, по „срушен режим“. За Кристалот – Зоран Евро Заев веќе доби Нон пејпер од Европа. За срушеното – народот во саботата му испрати лична порака. Распушти го Зоране Евро Заев министерството за вистина, што те лаже само тебе. Народот повеќе не ти верува. Одговорност за ваквите испади мора да има и ќе има кога ќе си замине криминалниот картел и ќе се врати правната држава во Република Македонија. Зоран Евро Заев, Македонија, тргна по своето, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Седум години СДС и Филипче беа фабрика за скандали и афери, СДС е во целосен хаос и без компас

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Кузеска: 100 дена Влада а 300 скандали, најмногу во МВР

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ