(ВИДЕО) Стоилковски: Филипче и Хасани признаа, антикорупциска веднаш да постапи за високиот скандал „Шпанско село 2“

Од:

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Стоилковски изјави дека избраниот состав на антикорупциска, за скандалот Шпанско Село 2 се уште нема ниту збор, иако тој пред три недели побарал од комисијата да отвори случај за Касарната на Филипче.

„Од тогаш до сега Касарната се претворила во цело Шпанско село на 15.500 м2, ама за ДКСК очигледно нема потреба од делување“, рече Стоилковски.

Според него, министерот Филипче и директорот на клиниката Илир Хасани потпишувале набавки во
милионски износи во евра со компанија на човек кој што е сосопственик и соинвеститор на градежни плацеви со семејството на Филипче и директно со Хасани.

Стоилковски смета дека нивниот партнер во Шпанско Село 2 за медиумите признава дека е сопственик на компанијата добитник на тендерите.

„Од министерството за здравство под Филипче и од Илир Хасани како директор се излеани околу 8 милиони евра за компанијата на нивниот семеен сосопственик и партер во градењето на Шпанско село 2. Сето ова е поткрепено од јавно достапни документи за јавни набавки и јавните катастарски податоци, како и од нивни изјави и соопштенија. Антикорупционерите имаат чист случај и укажуваме на можноста веднаш успешно да отворат и да затворат барем еден висок корупциски скандал, за споменикот на Рекетот и Корупцијата Шпанско Село 2“, додаде Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус