(ВИДЕО) Стоилковски: ЕУ порача дека не промена на името, туку реформи се потребни за почнување на преговори

Од:

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на прес-конференција изјави дека обидот да се стави знак на еднаквост меѓу евроинтеграциите и, како што кажа, бришењето на името е само обид да се признае неспособноста на оваа власт предводена од Заев.

– ЕУ и НАТО не бараат да се избрише името Република Македонија, не бараат промена на Уставот со додаде фуснота за македонскиот јазик или да се дообјаснува националноста. ЕУ и НАТО не бара откажување од македонската историја, традиција и култура. Зоран ЕВРО Заев доброволно капитулираше наводно во име на Република Македонија, прифати промена на Уставот, идентитетот и јазикот. Тој е подготвен да направи срамен обидот повторно заедно со Димитров да го продаваат овој капитулантскиот договор за успех на македонскиот народ.. ЕУ јасно порача дека не промената на името, туку реформи кои се вистински потребни на сите граѓани во Република Македонија, рече Стоилковски.

Тој додаде дека единствено што се очекува од Македонија е исполнување на критериумите за почнување на преговори.

– Тоа не подразбира ослободување на Зоран Заев. Тие услови не подразбираат наместени партиски тендери и корупција на секое ниво во власта. Тоа не подразбира најавени судски пресуди и амнестии. Тие не подразбираат полнење на администрацијата со неспособни партиски кадри. Од овој договор обврски има само Република Македонија. Од вкупно 6 обврски, 5 и пол се за Македонија, половина обврска за Грција. Имено Грција ќе го ратификува овој договор, само откако кај нас ќе биде променет Уставот. Притоа, Република Македонија нема никаква гаранција дека по промената на Уставот, Грција е обврзана да го ратификува таканаречениот договорот. Што ќе преземе Заев доколку во ноември или декември владата на Ципрас падне или не обезбеди мнозинство за ратификација на овој договор, а ние сме го ратификувале договорот или сме промениле Уставот?, запраша Стоилковски.

– Заев свесно ја лаже јавноста. Лага е дека со ова добиваме членство во ЕУ, бидејќи Грција не се обврзува на тоа. Доколку нема реформи, можеме пак да останеме пред вратите на Унијата, со сменето името, променет идентитет, јазик и Устав. Имајќи предвид дека реформите не се јака страна на Зоран ЕВРО Заев, ова е мошне очекувано. Не смее да дозволиме државата да биде ставена на коцка. Зоран ЕВРО Заев и СДСМ мора да си заминат. Коцкањето со државата не смее да продолжи. Република Македонија мора да тргне напред, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?