(ВИДЕО) Стоилковски: Еден од двата функционални блокови на РЕК Битола цела ноќ е надвор од употреба

Од:

Неспособноста на раководството на АД ЕЛЕМ и РЕК Битола ги чини граѓаните и време и пари, за сметка на тендерите на фирми блиски до кланот на Евро Заеви. Еден од двата функционални блокови во РЕК Битола, цела ноќ, повеќе од 16 часа е надвор од употреба, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на денешната прес-конференција.

– Од синоќа функционален е само еден од двата блока. Блоковите се на граница на технички минимум, бидејќи и блокот кој сега е во погон има технички проблеми , кои во секој момент може да доведат до испад. Пресметката вели дека еден час неработа на еден блок во РЕК Битола ја чини државата 7600 евра, додека еден ден неработа дури 182.400 евра. Од синоќа до сега загубата од непроизведена електрична енергија е над 121 илјада евра. Пред само неколку месеци е извршен ремонт на вториот блок тежок неколку милиони евра. Недозволиво е по толку скап ремонт, истиот блок два пати во рок од десет дена да паѓа од мрежа, рече Стоилковски.

Тој рече дека раководството на ЕЛЕМ треба да одговори, зошто по толку скап ремонт по само десетина дена два пати се расипува вториот блок.

– Дали РЕК Битола, која троши милиони евра за делење на тендери на фирмите блиски до кланот Евро Заеви, сега залудно потроши дополнителни милиони евра на неефективен ремонт? Заради неспособноста и неодговорноста на раководството на РЕК Битола, сеуште не се знае кога вториот блок ќе биде ставен во употреба. Истовремено, во опасност е и третиот блок на РЕК Битола, кој што подолго време работи надвор од сите технички прописи. Картелот на власт функционира само за да ги задоволи потребите на ЕВРО Заев. Државните ресурси се само средство за остварување на таа цел. Во оваа година покажа целосна неспособност како да се управува со енергетиката и енергетскиот сектор во државата. Таа неспособност да се менаџира со термоцентралите, предизвика во пресрет на летниот односно сушен период да се трошат резервите на хидроцентралите. Една година на Зоран Евро Заев во енергетиката е еднаква на голема катастрофа. Злоупотребите и неодговорното однесување мора да запрат. Граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобро. Македонија ќе победи, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Седум години СДС и Филипче беа фабрика за скандали и афери, СДС е во целосен хаос и без компас

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Кузеска: 100 дена Влада а 300 скандали, најмногу во МВР

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ