(ВИДЕО) Стоилковски: Царовска мора да си замине од ресорот кој го претвори во министерство за негрижа

Од:

Мила Царовска мора да си замине од ресорот кој го претвори во министерство за негрижа и за партиски вработувања, рече Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

– Во ек на огромни скандали поврзани со целосен колапс на системот на заштита на децата, со актуелен случај на силувана штитеничка на установа, како продолжение на хоророт кој што секојдневно го доживуваат децата во институциите водени од Царовска, таа се фали со партиски вработувања. Царовска е најнеспособниот министер во оваа влада, а денешниот јавен настап го докажува тоа. Без трошка емоции за случај за напаствувано девојче таа се држи до правната терминологија и бега од одговорност. Царовска веројатно и не се чувствува одговорна за случаите на обљуба на малолетници што е тешко кривично дело со казна затвор над 10 години кое по кој знае кој пат се случува пред очите на вработените! Царовска не разбира на колку одговорно место седи додека малолетнички се сексуално злоставувани, абортираат, се присилувани на секакви изживувања и хорори. Деца бегаат од установите и ги снемува во непознат правец, а таа вели „бегството на деца од домовите е вообичаена пракса“, рече Стоилковски.

Тој додаде оти Царовска се фали со партиски вработувања и најава за нова партизација.

– Ако сака да зборува за градинките, Царовска нека одговори зошто беа истерани, или правно не им беа продолжени договорите на бројни воспитувачки и негувателки од градинките? За сега партиски да вработува? Ги остави децата без соодветна заштита, иако имаше полна уста зборови за групи во градинките кои нема да бидат поголеми од 20тина деца. Па Царовска колкави се групите денес? До каде е популистичкиот проект кој што го отпочна во септември лани за двосменско работење на градинките? Дали тој се одвива насекаде? До каде е достоинствената плата од 500 евра, меѓу другите и за негувателките која ја ветуваше заедно со Заев? Се сеќава ли Царовска дека прва работа што направи нејзината влада беше кратење на парите за изградба на градинки, и со тоа ја стопираше градинката во Кавадарци? Царовска, престани да бегаш од проблемите и да ја манипулираш јавноста додека родителите бараат видео камери во градинките заради хорор условите во кои што ги остават нивните деца. Партиските вработувања не ги подобруваат овие условите, рече Стоилкоски.

Тој ја повика Царовска да си замине од министерската фотелја.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он