(ВИДЕО) Стоилковски: Бараме министрите, замениците министри, директорите, и членовите на управни и надзорни одбори да работат без пари

Од:

„Имаме конретен предлог до владата за штедење. Платите на министрите се движат од 70 до речиси 90 илјади денари месечно, нето износ. Дополнително се одлеваат милиони денари народни пари за репрезентација на месечно ниво. Бараме министрите, замениците министри, директорите, и членовите на управни и надзорни одбори да работат без пари, про боно со што ќе се заштеди 2.5 милиони евра месечно“, вели Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ја повикуваме лично и министерката за правда Рената Десковска и СДСМ ако навистина сакаат да помогнат тогаш да се откажат целосно од нивните приходи по основ на плата и хонорари, додека трае кризата со епидемијата со корона вирусот.

Дополнително освен што треба да работат про-боно, нека се откажат и од привилегиите кои одат со функциите како службени возила, мобилни телефони и репрезентации кои ги прават и плаќаат со народни пари.

На тој начин дури 2,5 милиони евра месечно би се заштедувале и истите средства би се намениле и релоцирале во оние сегменти кои се неопходни за заштита на стандардот на граѓаните, но и за директно справување со корона вирусот. Повторувам само по овој основ 2,5 милиони евра би се заштедиле.

Наместо кратење на плати на работници, да нема плати за министри и функционери. Ако навистина, а не лицемерно го мислат тоа што го кажуваат, тогаш нека почнат функционерите од СДСМ со свој личен пример да го помогнат народот. Еве министерката Дескоска очекуваме да го направи првиот чекор, исто како и Претседателот на Владата Оливер Спасовски“, изјави Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус