(ВИДЕО) Стоилковиќ: Македонија е спремна за избори на 24. април

Од:

Лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија по денешната средба на лидерите на коалицијата „За подобра Македонија“ истакна дека државата е подготвена за избори на 24 април.

– Коалицијата „За подобра Македонија“ со цел да се сочува смислата на демократијата на Република Македонија, со цел да се избегнат можните политичко-безбедносни проблеми во Република Македонија, а со цел да се отвори една нова страница на политичкиот живот во Република Македонија која ќе ги ослободи граѓаните од секојдневните стеги и очекувања што тоа ќе се случува во наредниот период, ќе излезе на изборите на 24 апил, рече Соилковиќ.

Тој истакна дека за да се подобри работата на институциите на системот во Република Македонија, односно да се заврши т.н. дуализам на власта кој согласно Пржинскиот договор понекогаш доведувал до гушење на институциите, коалицијата едногласно донела одлука да излезе на изборите на 24 април.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември