(ВИДЕО) Стевановиќ: Лек за секој што му е потребен, поголеми плати до 180.000 денари во здравството во новиот мандат

Од:

Го честитам Светскиот ден на здравствените работници, ден кога е важно да ја подигнеме и свеста за нивното значење, но и свеста за подобро здравје на граѓаните. Честа е за можноста што денеска ја имам да зборувам на една мала трибина со студентите од медицинските факултети од нашата држава за сериозна тема: „Иднината на медицината во рацете на младината“. Ќе зборуваме за нивните потреби во текот на студирањето, можност за нивно специјализирање, градење, усовршување во нашата држава, но најзначајно можеби за потребата на нашата држава од нив, од нивната експертиза, знаење и професионализам.

Јас и колегите ќе споделиме искуства, 25 годишно клиничко искуство, изградено во нашата држава и искуството од работата во странство. Секако и за искуството од големата Ковид криза, што беше школо. Значајно е да кажеме дека пандемијата ги помести приоритетите, но и покрај сите предизвици успеавме да реализираме значајни проекти. Обновени се рекорден број здравствени болници и објекти, реконструирани, практично, речиси целиот клинички кампус, клиничките болници, клиники и операциони сали, интернистички блок, болниците низ државата.

Обезбедивме најмодерни лекови за многу болести кои претходно не ги лекувавме. Планот за во иднина е секој лек да го добие оној на којшто му е потребен, без ограничување и лимитирање. Добро здравство не може да има без мотивирани здравствени работници. Планот на веќе постигнатиот и покачен стандард на здравствениот работник е да во наредните 4 години обезбедиме повисоки плати, специјалистите во терцијалното здравство да имаат плата до 180 илјади денари, во во секундарното до 140 илјади денари, високо образованите медицински сестри – 90 илјади, а медицинските сестри со средно образование до 60 илјади денари. Секако, клучни се и капацитетите на нашата стручност. Минатиот период обезбедивме 1.000 специјализации, а наредните четири години планот е да има уште 1.000 специјализации, платени и обезбедени од државата.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните