(ВИДЕО) Стефанова: Без оглед каква пресуда ќе добие Јанева, шетета врз предметите и СЈО е огромна

Од:

Дали Катица Јанева е виновна за кривичното дело за кое ѝ се суди, ќе си одлучи судечкиот совет што ја води оваа постапка. Но, без разлика каква пресуда, односно одлука ќе биде донесена, дејствијата за кои Јанева е на обвинителната клупа предизвикаа огромна штета на сметка на специјалното обвинителство и разочараност кај целата правдољубива јавност во државата“, изјави обвинителката Лиле Стефанова, по завршувањето на сведочењето за „Рекет“.

Стефанова кажа дека нема да коментира во однос на исказот што го дала во судница и дека одговарала на сите прашања кои ѝ биле поставени. Уште еднаш повтори дека нема никаква поврзаност со случајот „Рекет“.

„Јавноста има доволно време и доволно информации да сфати дали јас како предметен истражител во случајот ‘Империја’ и вработена во СЈО имам каква било поврзаност со дејствијата за кои Јанева денес седи на обвинителните клупи“, рече Стефанова.

Таа вели дека е разочарана што рече дека на овој начин неосновано се дискредирани предметите и работата на ова Обвинителство.

„Се покажа дека ако сте лице кое има политичка и општествена моќ ќе најдете начин преку вршителите на функциите во правосудниот систем да си ја олесните својата положба во кривичните постапки и преку преговори и договори да најдете начин да ја избегнете кривичната одговорност“, вели обвинителката Стефанова.

Стефанова додава дека забрзано се работи на случајот „Империја“ за да добие на ефикаснот и наскоро очекува предметот да добие епилог со донесување на јавнообвинителска одлука.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов