(ВИДЕО) Стаменковска: Само годинава под притисок на Заев и СДС судот седум пати го одложи рочиштето за „Поткуп“

Од:

Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека одложувањето на рочиштето за предметот „Поткуп“ е уште еден доказ дека судстото под притисок на СДСМ го допре дното.

– Правдата и законите во оваа држава важат за сите освен за Зоран Заев и криминалната врхушка околу него. Нема предмет, нема кривично дело за кое судењето не можело да почне повеќе од две години. Нема обвинет кој бил соочен со докази за кривичното дело и успеал повеќе од две години да го одложува почнувањето на предметот. Целата јавност виде како во функција на градоначалник на Струмица Зоран Заев бара поткуп од 200.000 евра по принцип „едно евро за Вицето, едно за црквата“, а судот трета година не може да створи услови за да почне да му се суди. Досега беа измислувани десетици апсурдни причини за да се одолговлекува правдата. Судот му прогледуваше низ прсти и кога велеше дека не го признава и нема да ги почитува неговите одлуки, а го толерираше и кога одложуваше рочишта заради наводни средби со портири или други вработени по амбасади. Судиите не реагираа ниту кога им се закануваше со реизбор, а премолчуваа и кога во нивно име најавуваше процеси и притвори, рече Стаменковска.

Таа додаде дека судството под притисок на Заев и СДСМ, само годинава седум пати ги одложило рочиштата за „Поткуп“ на Заев, а истото се случувало и лани и во 2015 година.

– Секое ново закажување беше на се подолг рок, а врв на ваквото однесување е денешното одложување на неопределено време. Истовремено судовите под притисок на Заев, рочиштата за политички конструираните случаи од страна на СЈО ги закажуваат секоја недела. За секој што не е член на СДС и не ги поддржува нивните деструктивни политики важат едни аршини, а за Зоран Заев сосема поинакви. Зоран Заев мора да одговара за криминалот што го сторил. Ваквата партиско-политичка неправда и амнестирањето на криминалот на Заев мора да престане, рече Стаменковска.

Би можело да ве интересира

Николоски: Во следните две недели ќе продолжиме да работиме уште поинтензивно за уште поголема победа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, Македонија повторно ќе биде горда и твоја

Горан Наумовски

Мицкоски: Мислеа дека си имаат работа со мали деца, победуваме со повеќе од 170.000 гласови разлика

Орце Костов

Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ: Забележани се случаи на семејно гласање и притисоци во Сарај

Орце Костов