(ВИДЕО) Средношколски пленум: Три недели си имавме работа со полтрони

Од:

Средношколците изреволтирани од ингорантскиот однос на министереството за образование на ресорниот министер Адеми му порачаа да види дека има деца на улица кои се незадоволни.

„Сите директори на средни училишта сигурно сто пати зажалија што директоруваат во 2105-та. Треба да примаат команди за да ги заклучат, замолчат избркаат и изгазат како пикавци они ешто се бунат за правда а тоа сме сите“, рекоа средношколците.

„Не си играјте со судбината на оваа држава ние нема да застанеме и ќе бидеме истрајни до крај зарем ќе останете неми“, рекоа средношколците од пред МОН.

Срдношколците порачаа дека обединувањето со студентите е неминовно.

„Потиснати од исти проблеми, заедно се наоѓаме на исти барикади. Од иста страна стоиме исправени спроти тиранијата безмилосно ја спроведува оваа власт“, рекоа средношколците.

Поддршка за средношколците да истрајат во својата борба дојде и од Студентскиот пленум.

„Да се надеваме дека министерот во дупката каде што е скриен има телевизор па ќе не чуе. Не прашуваа зошто сме ги поддржувале средношколците, зошто сме го поддржувале нивниот бојкот. Одговорот е едноставен нема кавлитетно високо образование без квалитетно средно образование“, порачаа преставници на студентскиот пленум.

Би можело да ве интересира

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати