(ВИДЕО) Средба на премиерот Заев со Министерската група за Планот 3-6-9: Успешно се заокружува првиот дел од Планот

Од:

Се заокружува реализацијата на првата фаза од реформскиот План 3-6-9 на Владата на Репбулика Македонија, најголем дел од предвидените мерки за првиот тримесечен рок, дури 46 се веќе реализирани, а останатите 27 се во фаза на реалзиација и ќе бидат завршени до крајот на септември, кога ќе биде подготвен и конкретен Извештај за сработеното.

Ова е констатирано на денешната, трета по ред, Министерска средба на Владата на Република Македонија, што ја предводи премиерот Зоран Заев, на којашто е заклучено дека Владата одговорно и доследно ги спроведува преземените обврски за реформите важни за евро-атлантските интеграции.

-Посветеноста на Владата на реформскиот процес според Планот 3-6-9 е високо почитувана од Европската унија, којашто врз основа на нашите енергични активности за обезбедување квалитетен живот за граѓаните и за евро-атлантските перспективи, со отворен оптимизам цени дека Република Македонија е пред најголемата шанса досега за напредок и успех, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев, во обраќањето пред министрите, се заблагодари за нивните ангажмани, со коишто ги поттикнуваат ваквите перцепции во Брисел и мотивираноста на земјите членки да ја поддржат Република Македонија во остварувањето на стратешките цели, членство во ЕУ и НАТО.

-Република Македонија веќе ја поставивме во фокусот на домашните и странските инвеститори, затоа што со нашите принципиелни политики станавме земја пријателка на регионално и меѓународно ниво. Планот 3-6-9 е вредна работа и треба да сме среќни што сме вклучени во неговата реализациа, рече премиерот Заев.

На средбата, осврт на досега сработеното даде заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, а во дискусијата за сработеното во делот на организирањето фер и регуларни избори, правосудниот систем, медиумите, постигнувањето институционална независност, реформите на разузнавачките и безбедносните служби, борбата против организираниот криминал и корупцијата, реформата на јавната администрација реферираа ресорните министри.

Паралелно со заокружувањето на реформите предвидени во првиот тримесечен рок, на средбата е констатирано дека веќе се почнати активности и за новиот 6 месечен рок од Планот. Заклучено e да се побара активно вклучување на сите надлежни институции во процесот, за да може тие да се дефинираат пред локаните избори со цел да се овозможи планираната реализација до април следната година.

На средбата е утврдено да се земат предвид сите забелешки од Извештајот на европскиот експерт Рајнхард Прибе, што се очекува кон крајот на следната недела, во дефинирањето на реформските приоритети за 6-месечниот и 9 месечниот рок од Планот 3-6-9.

-Да продолжиме да работиме со овој ентузијазам и со позитивната енергија како досега, бидејки се реални шансите ЕК да ја тргне условеноста на препораката за Република Македонија на есен, а следен чекор да биде датум за почеток на преговори со ЕУ и напредок во НАТО интеграциите, порача премиерот Зоран Заев на средбата со Министерската група задолжена за реализација на реформскиот План 3-6-9.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски