ВИДЕО: Средба на Мицкоски со граѓаните и членовите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Центар

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со граѓаните и членовите на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Центар.

Претседателот Мицкоски пред присутните истакна економската ситуација е катастрофална и на Македонија и се случува цунами Заев, Тевдовски, Анѓушев, а денес на тоа цунами му се придружи и Сугарески.

– Видоа дека ги критикуваме дека немаат капитални инвестиции па на прес конференција најавија дека 270 милиони евра ќе инвестираат во реализација на патишта во Република Македонија. Ама заборавија да кажат дека тие проекти беа направени пред 10 месеци и дека парите за реализација на тие проекти беа предвидени уште пред 10 месеци. Па се поставува прашањето што правеле тие овие 10 месеци, ги преспале, рече Мицкоски

Тој посочи дека планот 3-6-9 не се реализираше.

– Сами го направија планот, и сега им бараме отчет колку реализираа бидејќи поминаа 9 месеци, а резултатот е само 42 отсто реализација. Сега наеднаш планот 3-6-9 стана 3-6-9 плус, што значи ќе се развлече до недоглед, во математиката тоа го викаме полутосечка, истакна Мицкоски.

Мицкоски се наврати и на пензиите и посочи дека било ветено 10% поголеми пензии но дека ни тоа не се остварило, а зголемувањето е укинато.

– Ниту прават реформи ниту пак имаат намера да ги прават, а ниту па имаат план да ги направат тие реформи. Единствено план имаат како ова цунами побрзо да се збогати и да ја уништи државата Се на се катастрофална ситуација, вели Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека Македонија има економскиот раст од 0% кој е најслаб во Европа, не се креираат нови работни места, а директните инвестиции споредено со минатата година се помалку за 100 милиони евра. Потенцираше и дека девизните резерви во овие 10 месеци се намалени на 218,2 милиони евра додека монетарното злато изгуби вредност од 12,5 милиони евра.

– Намалено индустриското производство, градежништвото стагнира со најмалку 30%, но она што е пострашно договорените работи за во иднина се помали за 12% од тие што беа во 2017 година. Значи оваа 2018 ќе биде катастрофална, рече Мицкоски

Мицкоски го посочи дека за да се затскрие сведочењето на бизнисменот од Струмица почнале да вадат слики дека бил на 27-ми во Собранието.

Претседателот Мицкоски потенцира дека не крие за неговото присуство пред Собранието нема од што да се срами или да лаже зошто таму бил со сопствениот народ. Им порача на СДСМ дека и следниот пат ќе биде со народот и дека на следните избори ќе бидат поразени.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО