Видео средба на Димитров со шефицата на шведската дипломатија

Од:

Состојбата со здравствената криза и социо-економските последици од пандемијата, како и политичката состојба во земјата во пресрет на закажаните парлaментарни избори на 15 јули, беа во фокусот на видео разговорот на шефот на дипломатијата Никола Димитров и шведската министерка за надворешни работи Ан Линде.

Како што соопшти МНР, беа разгледани и европските перспективи на Северна Македонија, особено по позитивната одлука на Советот за општи работи на ЕУ за отпочнување на пристапни преговори и очекувањата поврзани со предлог Преговарачката рамка, што Европската комисија треба да ја објави овие денови.

Димитров изрази особена благодарност до Шведска за постојаната поддршка која ја дава во насока на унапредување на евроинтеграциите на Северна Македонија, како и за интензивната соработка со шведската агенција за меѓународен развој и соработка SIDA, преку многубројните реализирани и предвидени проекти.

Од страна на министерката Линде беше поздравена силната посветеност на Владата на Северна Македонија за спроведување на реформската агенда неопходна за забрзување на европската интеграција на земјата. Од нејзина страна беше упатена поддршка за борбата со коронавирусот и надеж за што поскоро намалување на бројот на новозаразени лица.

Министрите констатираа дека Северна Македонија и Шведска негуваат блиски и отворени билатерални односи со одлична динамика на политички дијалог, а разменија мислења и за економските односи и соработката на мултилатерален план.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани